07/05/2026
Поттикнат од она што денес се случува на терен, а особено од појавата на личности кои се претставуваат како инструктори и ментори без вистинско разбирање на системот, без јасна линија на потекло и без длабоко традиционално знаење, чувствувам должност да го кажам следново.
Повеќе од 40 години го посветив мојот живот на Traditional Wing Chun Kung Fu.
Ова знаење не е стекнато преку интернет видеа, кратки курсеви или неколку семинари. Тоа е изградено низ децении дисциплина, жртва, секојдневен тренинг, лојалност кон учителите и огромна одговорност кон учениците.
За жал, денес сè почесто гледаме луѓе кои по кратко време тренинг почнуваат да се претставуваат како учители, инструктори и „мајстори“, подучувајќи дури и деца, без вистински да ја разбираат длабочината на системот што го претставуваат. Некои не знаат ниту од која линија потекнува тоа што го подучуваат, а уште помалку ја разбираат одговорноста што ја носи боречката вештина.
Ова не е прашање на его или натпревар.
Ова е прашање на вистина, традиција и одговорност.
Traditional Wing Chun е традиционален систем што се пренесува генерации наназад — од Шаолин традицијата, преку Grandmaster Ip Man, Bruce Lee и Grandmaster William Cheung.
Горд сум што сум дел од таа традиционална линија и што го носам Деветтото колено на Traditional Wing Chun системот, пренесуван автентично и со почит кон корените на вештината.
Вистинското знаење бара години, понекогаш и цел живот, за правилно да се разбере. Кога учениците се подучуваат од луѓе без реална основа, без традиционална линија и без вистинско искуство, тие учат погрешни концепти, искривени техники и создаваат лажна слика за боречката вештина.
Поради тоа, во наредниот период ќе продолжам јавно да зборувам за оваа тема и да укажувам на појавата на лажни учители, самопрогласени „мајстори“ и луѓе без автентично потекло и традиционална линија.
Ќе ги посочам нивните грешки, погрешните методи на подучување и искривените техники што ги пренесуваат, не од личен напад — туку од одговорност кон вистинските ученици, родителите и иднината на Traditional Wing Chun.
Луѓето не смеат да бидат доведени во заблуда и да му го доверуваат своето време, тело и дух на погрешни личности.