19/05/2026
Изминатиот викенд учествувавме на два меѓународни натпревари – Астерикс Е3 и Астерикс Куп.
На Астерикс Е3 настапивме со двајца натпреварувачи во јуниорска конкуренција – Антонио и Костадин.
Антонио прикажа одлични борби, но за жал беше поразен во борбата за медал.
Костадин (Коки), по пауза од 6 месеци поради повреда на коленото, се врати на татамито во одлично издание и покажа дека повторно се враќа во својот препознатлив ритам.
На Астерикс Куп настапивме со четворица натпреварувачи.
Браќата Марко и Андреј Станковски освоија бронзени медали и уште еднаш покажаа борбеност и квалитет.
Димитриј и Борјан имаа одлични настапи и прикажаа квалитетни борби, но овој пат останаа без медал.
Продолжуваме посветено да работиме и да напредуваме, а новите генерации полека созреваат и најавуваат уште поголеми успеси за клубот.