01/08/2026
🗞️. Оваа година сакаме да ве информираме дека тимот на Formula Student Macedonia нема официјално да го претстави болидот пред натпреварите.
Оваа одлука беше донесена заеднички од целиот тим и претставува чекор кон тоа да го претставиме болидот онака како што го замисливме и во согласност со стандардите што си ги поставивме како тим.
Им се извинуваме на нашите спонзори, партнери и на сите кои со нетрпение очекуваа презентацијата да се одржи пред натпреварите. Ви благодариме за довербата, поддршката и разбирањето.
По завршувањето на двете трки ќе организираме официјален настан за презентација на болидот, наменет за нашите спонзори и партнери, како и за сите наши поддржувачи и заинтересирани посетители. Нашата цел не е само физичка презентација на болидот, туку и да ја споделиме приказната што стои зад него – целиот процес на неговото создавање, трудот, посветеноста и предизвиците кои, иако не се секогаш видливи на самото возило, претставуваат суштински дел од овој проект.
И покрај ова, остануваме целосно посветени на нашата цел и продолжуваме да работиме со истата енергија, страст и ентузијазам. Ќе бидеме присутни на натпреварите според планираното, каде што ќе продолжиме да го тестираме и усовршуваме нашиот болид, со цел да го претставиме проектот онака како што заслужува, а нашата работа и посветеност ќе се видат таму каде што е најважно – на патеката.
Се гледаме на патеката.
Formula Student Macedonia