18/08/2025
🎢 ЈАВЕН ДЕМАНТ – АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК СКОПЈЕ: ФАКТИ НАСПРОТИ ШПЕКУЛАЦИИ
Почитувани вљубеници во адреналинот, наши следачи и посетители,
Во свет каде што дезинформациите се шират побрзо од вистината, чувствуваме обврска да реагираме на неодамнешниот Facebook пост од наш посетител, кој во ниту еден случај не е експерт за адреналински паркови, висински операции или безбедност и работа на висина, а пост кој содржи сериозни невистини ❌ за Адреналинскиот Парк искажани јавно без никаква поткрепа и факти – при што, без проверка или консултација со релевантно тело или нас, беше пренесен од некои медиуми во форма на вест.
Би сакале да истакнеме дека:
📍 Нашиот парк не е само урбана атракција – тој е единствен во регионот.
Изграден по највисоки европски стандарди, каде од штраф до носечки столб е вградена најмодерна и сертифицирана безбедносна опрема според ЕН 15567, Адреналинскиот Парк Карпош е симбол на иновација, безбедност и професионализам Тој е место каде најмладите, семејствата и љубителите на авантурата добиваат искуство кое не може да се спореди со ништо друго во градот, па до сега сите кои дошле заминале насмеани 😊, вклучувајќи го и посетителот кој го напиша невистинитиот статус.
🛡️ Безбедноста кај нас не е само збор – таа е систем.
Секоја година, паркот поминува ригорозна тип Б инспекција, извршена директно од производителот од Словенија – водечка европски компанија за адреналински паркови, при што со најмодерни алати, ласери и софтвери се тестира целокупната опрема. Во пет години работа, немаме регистрирано ниту еден инцидент ✅. Сите елементи се во одлична техничка состојба, потврдена со официјални документи и валиден сертификат за безбедна употреба издадена директно од производителот. Целокупната опрема и персонал се обучени на ниво на Евро норматив предвиден за овој тип паркови.
📣 Загрижувачки е што овие невистини се шират без никој да побара наше мислење или да побара факти.
Ниту еден од порталите кои го споделија статусот како вест, не се обрати до нас за проверка, разговор или увид во документацијата. Наместо тоа, се пласираат шпекулации кои директно ја нарушуваат нашата репутација и довербата на посетителите, што е тенденциозно и доаѓа во клучен момент, што остава сомнеж за следново.
📌 Ваквите напади не се случајни – тие се појавуваат токму во моментот кога се обновува договорот за закуп на паркот.
Зад нив стојат интереси на поединци кои, без никаква експертиза или визија, се обидуваат да го добијат просторот и да изградат угостителски објект во срцето на паркот. Тоа би значело крај за единствениот урбан простор наменет за активна рекреација, здрав развој и авантура 🏞️.
Како оператори на Адреналинскиот Парк, Ве уверуваме дека во ниту еден момент безбедноста на ниту еден посетител не била и не е доведена во прашање. Редовни контроли и сервиси се вршат со цел и ние како оператори да бидеме 100% сигурни дека секој од Вас кој ќе не посети ќе си замине среќен, насмеан и ќе не посети пак 😊. При конзумација на секакви лични ставови на Facebook и останатите социјални мрежи, Ве молиме да внимавате и да го проверите изворот 🔍, затоа што фактите и целокупната документација од сите надлежни тела, вклучително и производителот недвосмислено ја гарантира безбедноста на секој еден посетител на паркот.
Конечно, ги повикуваме сите медиуми кои без никаква консултација побрзаа од лично мислење на посетител лаик споделено на Facebook да направат вест, во законскиот рок од 48 часа да не контактираат со цел увид во документацијата и од истите бараме јавно извинување и демант на објавената вест. Доколку тоа не се случи, приморани сме да поднесеме тужба за клевета и нарушување на углед.
Како тим, ќе продлжиме да се грижиме за паркот максимално посветено како и до сега, а сите Ваши посети да завршат со адреналин, убави спомени и многу насмевки 🎉.
Со почит,
Тимот на Адреналинскиот Парк
#сејфтифрст