28/05/2026
🏅 Во рамки на проектот „Интегритет во спортот: Градење доверба преку акција“ (Integrity in Sport: Building Trust through Action), имплементиран од страна на Олимписки Комитет на Северна Македонија и Sport Social Solutions како implementing partner, а финансиски поддржан од Олимписка солидарност, успешно се реализираа повеќе активности насочени кон јакнење на спортскиот интегритет и спречување на манипулации во спортот.
📚 Работилници со спортските федерации
▫️ Триатлон федерација
▫️ Кошаркарска федерација
▫️ Одбојкарска федерација
▫️ Национална боксерска федерација
▫️ Тениска федерација
👮♂️ Работилница со Министерството за внатрешни работи
Во соработка со Одделот за организиран криминал и Одделот за сајбер криминал беше организирана работилница посветена на превенција и санкционирање на сите форми на манипулација со спортски резултати.
🎓 Едукативна работилница во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“
Предводена од официјалното лице за контакт и пријава на спортска манипулација, Петар Спасеновски, работилницата опфати 50 ученици од трета година, со цел подигнување на свеста за фер-плеј, етика и интегритет во спортот.
✨ Заедно продолжуваме да градиме фер, транспарентен и доверлив спорт за идните генерации.