16/05/2026
🤾⚪️🔵Ракометарите на Аеродром одиграа реми кај Јехона, 28-28, во натпревар од 26, последно коло за оваа сезона во прволигашката конкуренција. Бојан Божиновски го постигна голот вреден реми во последната секунда и на крајот на сезоната Аеродром има 22 бода, што е доволно за седмото место. Бојан Поповски и Давид Аврамовски стрелаа по седум пати за Аеродром на мечот во Гостивар❗