24/12/2025
На 70 годишна возраст, вчера си замина една од најголемите Вардарови легенди кои некогаш ги имал нашиот сакан клуб. Си замина големиот Васил Рингов. Веднаш по оваа потресителна вест го отворивме последното наше издание, да се потсетиме на честа која ја имавме во 2023. да направиме еден долг и одличен разговор со него. 15 страници посветени на Васе, приказни кои вечно ќе се паметат.
„Толку тешко Ви паѓа за Вардар? – Многу!“
Изразуваме сочувство до најблиските! Вечна му слава! ❤️🖤