Conditioning.mk

Conditioning.mk Кондиционирање на телото и духот, општо или специфично

Дали знаеме колку чекори правиме во текот на еден живот?Просечен човек чекори по околу 7.500 чекори дневно. Со тој просе...
20/01/2022

Дали знаеме колку чекори правиме во текот на еден живот?

Просечен човек чекори по околу 7.500 чекори дневно. Со тој просек и животен век од 80 години, еден човек би поминал околу 180.000 километри пешки.

Вебањето е здравје. Нашите мускули се создадени да се движат. За еден чекор напред, користиме околу 200 мускули во нашето тело.

За професионалците, многу е важно да се влезе во едно натпреварување со најголемата можна количина на гликоген во мускул...
15/01/2022

За професионалците, многу е важно да се влезе во едно натпреварување со најголемата можна количина на гликоген во мускулите. Гликогенот е основното гориво на мускулот, кое се наоѓа во неговите депоа, односно резервоари.

Затоа, се препорачува адекватно консумирање на јаглехидрати по тренинг сесиите, особено во периодот од 2 до 4 часа по тренингот, кога синтезата на гликогенот е најголема.

За да се предизвика синтеза на гликогенот пред натпревар, потребно е да се намали интензитетот на тренингот, а да се зголеми консумацијата на јаглехидрати (8 до 10 грама јаглехидрати по килограм телесна маса) во последните еден или два дена пред еден натпревар.

Истото важи и за рекреативците, но со поинаква формула.

Не размислувајте, туку почнете веднаш да вежбате. Подгответе се за летото.На телото му се потребни најмалку 6 до 8 недел...
14/01/2022

Не размислувајте, туку почнете веднаш да вежбате. Подгответе се за летото.

На телото му се потребни најмалку 6 до 8 недели, да се адаптира на некоја тренинг програма. Потоа може да се случи плато, кое може да се избегне само со внимателен мониторинг и со соодветно дозирање на вежбите.

Изберете тренер-професионалец, наместо да се фаќате во комерцијалните замки. Нема шорткат до успехот!

Вежбањето го редуцира нивото на лошиот холестерол (LDL) и го зголемува нивото на добриот холестерол (HDL).Вежбајте редов...
13/01/2022

Вежбањето го редуцира нивото на лошиот холестерол (LDL) и го зголемува нивото на добриот холестерол (HDL).

Вежбајте редовно и соодветно на вашите можности, а ако не знаете како и колку, тогаш обратете се кај професионалец.

Внимателно изберете го вашиот ментор. Грешките, за жал, се плаќаат скапо.

Вежбањето го регулира притисокот и спречува хипертензија.Вежбањето треба да се практикува на долги патеки, испланирано и...
12/01/2022

Вежбањето го регулира притисокот и спречува хипертензија.

Вежбањето треба да се практикува на долги патеки, испланирано и редовно, со мали можни исклучоци, но со голема самосвест и дисциплина и кај рекреативците и кај професионалците.

Рим не е изграден за еден ден!

Спортските закуски или ужинки треба да бидат составени од идеална пропорција на потребните протеини и јаглехидрати.Се ос...
10/01/2022

Спортските закуски или ужинки треба да бидат составени од идеална пропорција на потребните протеини и јаглехидрати.

Се останато е само губење време и враќање наназад во прогресот, кој може да се претвори во регрес не само на физички, туку и на ментален план.

Затоа, внимателно бирајте ги оброците.

Слушањето музика може да го подобри вежбањето, односно "резултатите" од вежбите за 15%, што воопшто не е бројка за занем...
06/01/2022

Слушањето музика може да го подобри вежбањето, односно "резултатите" од вежбите за 15%, што воопшто не е бројка за занемарување, особено на долг рок.

Срцебиењето и дишењето најчесто се синхронизираат со музиката која ја слушаме за време на тренингот, па дури и во останатото време во текот на животот.

Музиката директно ја тригира психолошката промена која ни се случува и која ни влијае на крвниот притисок, на срцевиот притисок и на респирацијата.

Добрата програма за вежбање која опфаќа и вежби кои превенираат или спречуваат повреди, го намалува за 30% времето што с...
05/01/2022

Добрата програма за вежбање која опфаќа и вежби кои превенираат или спречуваат повреди, го намалува за 30% времето што се губи со евентуални повреди или несакани последици кои се случуваат од практикување несоодветни тренинг програми.

Прегледот на спортска медицина е клучен за остварување добри резултати и за спречување на повреди.Професионалните атлети...
05/01/2022

Прегледот на спортска медицина е клучен за остварување добри резултати и за спречување на повреди.

Професионалните атлети мора да се прегледаат пред почетокот на секоја сезона, односно имаат прегледи и за време на сезоната. Со прегледите лесно и навремено се идентификуваат одредени појави кои може да доведат до несакани последици.

Истото важи и за рекреативците, особено за повозрасните.

Нoва година, стари предизвици. Здравјето ќе ни биде главниот приоритет и во 2022-та, а тоа најдобро се чува преку имунит...
05/01/2022

Нoва година, стари предизвици. Здравјето ќе ни биде главниот приоритет и во 2022-та, а тоа најдобро се чува преку имунитетот.

Витаминот Д игра една од клучните улоги во дефанзивниот систем на телото, помага во кардиоваскуларните функции, во метаболизмот на коските и во функцијата и развојот на мускулите.

Недоволната количина на витаминот Д може да предизвика негативни ефекти во нашето тело и да доведе до абнормалности во коските.

Извори на витамин Д: риба (туна, лосос), говедски џигер, сирење, млеко од соја, сок од портокал, житарици, спанаќ...

#2022

Прогресот на телото почнува на тренингот. Таму се создава базата за подобро функционирање на органите и за развој на мус...
29/12/2021

Прогресот на телото почнува на тренингот. Таму се создава базата за подобро функционирање на органите и за развој на мускулите.

Мускулните влакна се кинат и дозволуваат да бидат унапредени, односно да пораснат, што е процес кој може да се случи само со добра исхрана и со квалитетен одмор.

Уредувањето на времето е клучно за учење, за работа и за напредок. Истото важи и за тренингот, кога се работи за здравје...
28/12/2021

Уредувањето на времето е клучно за учење, за работа и за напредок. Истото важи и за тренингот, кога се работи за здравјето на човекот. Заедно со тренингот, треба да се планира и одморот, како и исхраната.

Побарајте совети и програми од стручни лица на оваа тема и внимавајте да не паднете во некоја од популистичките комерцијални замки. Ништо не се случува преку ноќ. За успех на секое поле е потребно време, но тоа треба да биде внимателно искоординирано.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Conditioning.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Conditioning.mk:

Share