20/10/2024
Утринска Аштанга 🧘♀️понеделник/среда/петок 17:45
Акцентот во оваа Утринска група е на Првата серија од Аштанга јога и свесно поврзување сите нејзини елементи, дишење, банди и фокус на поглед, заокружени со флуидно движење од позиција во позиција за да се постигне, прво физички, потење и ослободување на телото од сите физиолошки, но и емотивно насобрани токсини и второ, ментално вниманието да се повлече целосно навнатре во состојба на неутрално сведочење на секое свое искуство.
Бидејќи има опција за 3 пати неделно, еден час во неделата е посветен на водена пракса, еден час помека пракса со различни вежби за да бидат таргетирани различни делови на телото и да се постигнат специфични отворања и третиот час е посветен на Мајсор пракса, моменти кога практикантот учи како самостојно да се впушти во серијата, со постојано правилно адаптирање и подместување од страна на учителот.
На часот, практикантот, исто така, постепено е воден да ги осознае и другите слоеви на јога, и да ја осознае и нејзината психолошка и философска димензија и практичноста на двете во секојдневното живеење