Valencia C.F. - Macedonian FAN CLUB 2019

Valencia C.F. - Macedonian FAN CLUB 2019 Македонски фан клуб на VALENCIA C.F.

25/08/2026

Валенсија - Реал Бетис 0:1 (0:0)

Кој нема храброст да нападне, мора и треба да загуби.

Заслужен пораз, да видиме што ќе се случува понатаму.

По два меча, само еден бод и без постигнат гол.

25/08/2026

Валенсија - Реал Бетис

На полувреме 0:0

Како да гледаме реприза од мечот против Селта Виго, тврдо и пред се, се внимава на својот гол.

⚽ВАЛЕНСИЈА - Реал Бетис🥅Коло 2 (Коло 1 - заостанато)⌛21:00📺АРЕНА ПРЕМИУМ 4🗓️25.08.2026 (вторник)
25/08/2026

⚽ВАЛЕНСИЈА - Реал Бетис🥅

Коло 2 (Коло 1 - заостанато)

⌛21:00
📺АРЕНА ПРЕМИУМ 4

🗓️25.08.2026 (вторник)

22/08/2026

Валенсија - Селта Виго 0:0

Одбраната одлична, нападот ужасен.

За Данџума, немам зборови.

22/08/2026

Валенсија - Селта Виго по првиот дел 0:0

Заклучок: Данџума, иди бре у три лепе.

22/08/2026

Уште 1 час и ја отвораме сезоната...

🦇🦇🦇Стартните 11 против Селта Виго:

🧤 ГОЛМАН
Димитриевски

🛡️ ОДБРАНА
Васкез – Тарега – Пепелу – Де Хас – Гаја

⚙️ СРЕДЕН РЕД
Гвидо – Угринич – Хави Гера

🎯 НАПАД
Сато – Данџума

🦇🦇🦇🦇🦇🦇🦇
22/08/2026

🦇🦇🦇🦇🦇🦇🦇

По нешто подолгото лето и одложениот натпревар од првото коло, конечно дојде моментот за старт на новата сезона за Вален...
21/08/2026

По нешто подолгото лето и одложениот натпревар од првото коло, конечно дојде моментот за старт на новата сезона за Валенсија!

🦇 Валенсија – Селта
📅 Сабота, 22 август
⏰ 19:30 часот
🏟️ Местaља
🏆 Ла Лига – 2. коло

Ова ќе биде вистинскиот почеток на сезоната за „лилјаците“, но и почеток на една историска година – последната сезона на Валенсија на легендарната Местaља. Клубот официјално ја најави кампањата како последна во својот историски дом.

🔥 НОВА СЕЗОНА, НОВА ВАЛЕНСИЈА?

По деветтото место минатата сезона, амбициите се повисоки. Целта е Валенсија повторно да се доближи до врвот и, пред сè, да се вмеша во борбата за европски пласман.
На клупата останува Карлос Корберан, кој во јули го продолжи договорот со клубот до 2028 година.
Корберан добива можност да продолжи со својот проект, но и со голем притисок – ова е сезона во која Валенсија мора да покаже дека постепено се враќа таму каде што историски припаѓа.

🆕 НОВИ ЛИЦА НА МЕСТАЉА

Валенсија во летниот преоден рок донесе неколку интересни засилувања.

🇳🇱 Џастин де Хас
Централниот дефанзивец пристигна од португалски Фамаликао. Левоног стопер, силен во дуелите и играч кој може да помогне во изградбата на нападот од последната линија. Тој беше првото официјално летно засилување.
🇲🇱 Алиу Диенг
Искусниот малиски играч за врска пристигна од Ал-Ахли. Физички силен и борбен дефанзивен играч за врска, од кого Корберан очекува стабилност во средината.
Диенг при презентацијата јасно порача дека неговата амбиција е Валенсија повторно да стигне до европските, па и до најголемите европски натпревари.
🇯🇵 Рјунoсуке Сато
Еден од најинтересните проекти на клубот. 19-годишниот Јапонец пристигна од ФК Токио и потпиша договор до 2031 година. Валенсија во него гледа и спортски потенцијал, но и долгорочна инвестиција.
🇦🇷 Гвидо Родригез
Можеби најважното „засилување“ е играчот кој веќе беше во тимот.
Светскиот шампион со Аргентина од 2022 година реши да остане во Валенсија и за новата сезона. Неговото искуство, карактер и квалитет во средината треба да бидат едни од главните адути на Корберан.
🇪🇸 Пабло Мафео
Последното големо засилување пред стартот на сезоната е Пабло Мафео.
Десниот бек пристигна на позајмица од Олимпијакос со опција за откуп и треба да ја реши една од најпроблематичните позиции во тимот. И самиот Мафео порача дека сака да остане во Валенсија и по истекот на позајмицата.
Покрај нив, во тимот пристигнаа/се вратија и играчи како Серги Канос, Алберто Мари и Икер Кордоба, додека клубот продолжува да го следи пазарот до крајот на преодниот рок.

👋 КОЈ СИ ОТИДЕ?

Летото донесе и значајни промени во составот.
Од тимот си заминаа:

🔻 Тиери Кореја – замина во Венеција
🔻 Ерај Џомер – го напушти клубот по истекот на договорот
🔻 Ренцо Саравија – замина по истекот на договорот
🔻 Баптист Сантамарија – го напушти клубот
🔻 Јулен Агирезабала – се врати во Атлетик Билбао по истекот на позајмицата
🔻 Унаи Нуњез – се врати во Селта
🔻 Лукас Белтран – се врати во Фиорентина
🔻 Ларги Рамазани – се врати во Лидс
Од клубот замина и Ченк Озкаџар, кој премина во Трабзонспор.
Тоа особено ја отвори позицијата десен бек, па токму затоа ангажманот на Мафео беше толку важен.

🧠 ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАЛЕНСИЈА?

Корберан сака тим кој ќе биде агресивен, физички силен и способен да игра со висок интензитет.
Клучот повторно ќе биде младоста комбинирана со искуство.

Од една страна се играчи како:
⭐ Хави Гера
⭐ Умар Садик
⭐ Диего Лопез
⭐ Хуго Дуро
⭐ Луис Риоха

а од друга страна новите искусни имиња како:
🧱 Гвидо Родригез
🧱 Алиу Диенг
🧱 Пабло Мафео
Валенсија има интересна комбинација, но и очигледни прашалници, особено во одбраната.

🏟️ ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА МЕСТАЉА
Оваа сезона има посебна тежина.
2026/27 е последната сезона на Валенсија на Местaља.
Повеќе од еден век овој стадион е дом на клубот, а сега секој натпревар ќе има дополнителна емоција.
И првиот од нив е токму против Селта.

📅 ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ
🦇 22 август: Валенсија – Селта
🦇 25 август: Валенсија – Бетис
🦇 30 август: Депортиво – Валенсија
🦇 6 септември: Валенсија – Барселона

Распоредот веднаш носи сериозен тест – по Селта и Бетис, Валенсија гостува кај Депортиво, а потоа на Местaља доаѓа Барселона.

🔥 ВРЕМЕ Е ЗА НОВАТА ВАЛЕНСИЈА!
Последната сезона на Местaља.
Нови лица.
Нови амбиции.
Корберан со нов договор.
И тим кој сака повторно да ја врати Валенсија во европската елита.
Првата станица е Селта.

📍 Местaља 📅 22 август ⏰ 19:30
AMUNT VALENCIA! 🦇🖤🤍

21/08/2026

Утре почнуваме, а?

23/05/2026

Со победа ја затворивме сезоната, и на позиција број 9. Недоволно за Европа.

Се надеваме на коренети промени во клубот.

Валенсија - Барселона 3:1

Се читаме наредната 26/27.

Бидете живи и здрави. Амунт !!!

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Valencia C.F. - Macedonian FAN CLUB 2019 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category