24/05/2026
Во текот на вчерашниот ден во градот каде е роден и живее нашиот повеќекратен национален снукер шампион Берат Јашари, Куманово, за прв пат во образовна институција, во ООУ "Толи Зордумис" ја доби првата професионална снукер маса. Снукер Федрацијата во соработка со нашиот најголем снукер клуб Гранклуб, по поставување на маса во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид успеа да го реализира и вториот проект, дел од развојната програма за проширување на популарност снукерот низ цела Македонија. Со ова се овозможи не само нашиот шампион да има совршени услови за да ја продолжи својота личена снукер надоградба, како заслужува,во местото на живеење, тука и како квалификуван национален тренер по снукер да почне процес на регрутација и тренажни сесии на млади надежи од основното училиште, од својот роден град.
Реализацијата на овој повеќемесечен проект уште од самиот почеток до самиот крај не беше воопшто лесен и краток процес.
Сепак со покажаната добра волја и инволвирање на повеќе чинители од Снукер Федрацијата, тимот на Алфа Плам Македонија, Општината Куманово, раководните лица и дел од наставниот кадар на ООУ Толи Зордумис, дел од репрезентативците и содуграри на Берат и најмногу самиот Берат стигнавме до оваа долгоочекувана цел.
Во таа насока изразуваме искрајна благодарност до повеќе наши пријатели. Мартин Михајловиќ од Алфа Плам Куманово за почетните чекори во Куманово. Г-динот Андреј Маџовски, Дир. на ЈП Паркинзи Куманово, огромен спортски подржувач и работник, и Г-динот Александар Јовановиќ Раководител на сектор образование, прекрасни млади луѓе кои, на почетокот беа зачудени и пријатно изненадени од успехот на нивниот сограѓанин во снукерот, а набрзо по запознавањето на нашите потреби успеаа да лоцираат соодветна просторија и не упатат до ООУ Толи Зордумис. Таму почитуваниот Директор, Г-динот Дејан Младеновски ја поздрави идеата, и веднаш организационо ја овозможи практичната реализација на оспособување на совршената просторија за снукер. Тоа беше доволен сигнал за Берат заедно со тимот на Гранклуб, Алфа Плам Скопје, и персоналот од училиштето, а и посебна благодарност за помошта од наставникот Лулзим Иљази, да се засукаат ракавите и се соочат со сите градежни активности што се неопходни за оспособување на ваков наменски простор во самото училиште.
Последната фаза беше инсталацијата на Riley снукер масата обезбедена од федерацијата и Гранклуб, која траеше интензивни 13часа, и заврши рано во утринските часови, и во која волонтерски учествуваа лично Берат и неговиот долгогодишен најголем ривал, но и уште поголем содругар во спортот Петар Панов, делегатот Мартин Петрушевски и лично Претседателот на СФСМ Лазар Лазаревски. Веројатно пркосејќи на лошите примери во ривалства, и ароганонци во многу други наши афирмирани спортови, а препознавајќи ја потребата за сплотеност и скромност во овој стадиум на снукерот во Македонија работата беше успешно завршена со последните атоми на сила, но и со искрата за што поскоро организирање на првите изиграни фрејмови, турнири и снукер тренинзи во ова ново спортско катче.
Браво колеги, пријатели, спортски работници, шампионе....
Упатуваме покана до сите љубители на спортот од Куманово, да се обратат до Берат или Федерацијата или Гранклуб да се запознаат со шампион и centery снукер играч, а наш, и пробаат од магијата снукер спортот...
Во продолжение оваа минорна, но за МК снукерот значајна приказна и низ неколку слики:
Раководството на СФСМ.