12/05/2026
Македонската скајранинг репрезентација изминатиот викенд настапи на младинско Youth Skyrunning World Championships, кое се одржа во Хрватска на Biokovo Nature Park / Makarska, во организација на и International Skyrunning Federation.
Ова беше уште еден значаен меѓународен настап за македонскиот скајранинг и важен чекор во развојот на младите категории.
Единствен наш натпреварувач беше
Daniel Jankov за кого ова беше прво учество на голем меѓународен настан и учество во трки со сериозни млади атлети селектирани од националните федерации од целиот свет.
Даниел настапи во U23 категоријата каде оствари пласман индивидуално /комбинирано ВК+Класик 30 место од 36 натпреварувачи.
Македонија тимски е 32место од 33држави.
Македонскиот тим составен од
Даниел Јанков / натпреварувач
Душко Петрушевски /тим лидер
Сања Најдовски / курс за ИСФ судија
Александар Стојановски /курс за ИСФ судија
стекна значајно меѓународно искуство и е на одличен пат да ги добие првите сертифицирани судии за скајранинг во Македонија што е од исклучителна важност за развој на спортот и подигнување на нивото на трките во Македонија.
Самиот настап на ова првенство претставува силен сигнал дека Македонија мора постепено да гради систем и континуитет за развој на младинските категории.
Овој настап на Даниел нека биде мотивација за следната цел а таа останува создавање на уште поширока база на млади натпреварувачи и нивно континуирано присуство на најголемите меѓународни натпреварувања. 🇲🇰⛰️
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija
СкајранингМКД 🇲🇰