04/06/2026
🏔️ ИСКАЧУВАЊЕ НА ЦРН ВРВ И УБАВА – КАРАЏИЦА 🏔️
Опис на акцијата: На 07.06.2026 година (недела) организираме планинарска тура до врвовите Црн Врв и Убава на планината Караџица.
Должина на патеката: ~ 20 км
Висинска разлика: ~ 1300 D+
Стартна точка: село Патишка Река
Опис на патеката: Патеката започнува од село Патишка Река и се движи низ букова шума, планински пасишта и отворени сртови со прекрасни панорамски погледи кон Јакупица, Солунска Глава, Скопска Црна Гора и централниот дел на Македонија. Турата ги опфаќа врвовите Црн Врв и Убава.
Напор: Акцијата е средно тешка
Времетраење на акцијата (вкупно): 8–9 часа
Опрема и облека (задолжителна/препорачана):
- Планинарски чевли
- Планинарски стапчиња (препорачливо)
- Облека соодветна на временските услови
- Ветровка или лесна јакна
- Капа, очила за сонце, крем со заштитен фактор
Храна: Од ранец (сендвичи, чоколадо, житарки, суво грозје....). Вода 2л.
Тргнување од: паркингот пред Пошта 2 на Железничка станица во Скопје, во 06:00 часот.
Планинарски водич: ПСК Х2О
Пријавување: задолжително најдоцна до петок, 05.06.2026
Лице за контакт: Зуп – 070/245-535
Напомени:
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навремено ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот
Добредојдени се сите љубители на планината, природата и доброто друштво.
ПСК Х20 – Скопје