14/12/2023
Чекор по чекор👣
Спреми за уште едно ново успешно полагање ☑️
Го најавуваме второто полагање за карате појаси во 2023 🦾🥋
Ново скалило 🪜
Што научивме, до каде сме 🔛
Особено се радуваме што на полагањето не почестија со присуство врвни имиња од Каратето и спортот воопшто.
Шихан Живко Тасевски, 9 дан. Шеф инструктор и Претседател на Шотокан Казе-ха академијата на Македонија. Селектор на македонска карате репрезентација во кати повеќе од 20 години, под чие водство е освоен првиот и единствениот медал во ката тим сениорки на официјално Европско првенство, Тенерифе 2005 година.
Во каратето е од 1970 година и е поранешен репрезентативец на Југославија во борби. yosh*taka
Берат Јакупи, Актуелен селектор во Карате Федерација. Европски, Балкански, Медитерански и Државен Шапион.
Светски Медалист.
Повеќе пати прогласен за најуспешен Спортист на Македонија.
Проф. Златко Јанакиевски, Магистер по Спорт, човекот зад кој стои искуство со тренажен процес на врвни спортисти повеќе од 30години. Кондиционен тренер две години во С.Арабија во Фудбал. Три години во Бугарија во Кошарка.
Тренер на многу екипи во Македонија.
Тренер на машката кошаркарска сениорска и женска сениорска репрезентација на Македонија.
Последните две години е тренер на младата машка ракометна репрезентација која го освои 9 то место на последното СП.
Тренер на најголемите спортски имиња во Македонија.
Благодариме и до Нашата
Каролина Јанчовска, помошник Тренер во нашиот клуб.
Лидер во организација, однос со најмалите.
Девојката која што преку игра успева да ги задржи најмалите таленти.
Државен,Балкански и Меѓународен медалист.
Успешна Карате репрезентативка повеќе од 10години. jancovska
Би сакале да испратиме огромно Благодарам до сите пријатели на клубот.
За поддршката и се што правите за нас 🙏
Нашиот пријател на клубот 📸🎥📷🎞️
Маестро
Александар Пауновски.