14/01/2026
СПЕД „Клепа Росоман “ – Росоман заедно со ЕГ „Грин Пауер„ КПС „АЗОТ„ од Велес и општините Росоман и Градско на 8-ми февруари(недела) го организираат деветотто традиционално зимско искачување на врвот Клепа(1150 мнв).
Во акцијата како покровители се приклучуват и градоначалниците на општините Градско и Росоман низ чија територија поминува патеката, а како помагатели секоја година се приклучува логистичкиот дел на Армијата на Република Македонија и поголем број реномирани домашни винарии.
За сите учесници ќе биде обезбеден бесплатен грав, греено вино, домашна алва и гурабии во конаците на реновираниот манастир Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.
Секој учесник ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесе со себе прибор за јадење - чинија, лажица, вилушка.
ИСТОРИЈАТ : Клепа е средновисока планина во средишниот дел на Македонија, на десниот брег на реката Вардар, јужно од градот Велес во средното Повардарие. Има меридијански правец на протегање, север-југ.
Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.
ЦЕЛТА на акцијата е пред се меморијална, за да се оддаде почит на прерано загинатите планинари Калина и Александар кои прерано не напуштија на врвот Кајмакчалан,
- да се промовира малку качуваниот врв Клепа,
- и да се манифестира заедничка соработка помеѓу планинарските клубови и друштва со Општините Росоман и Градско.
ДЕТАЛИ ЗА ПАТЕКАТА :
СТАРТ на турата и почетна точка на тргнување :
7.00 часот од центар на село Сирково (270мнв) , Општина Росоман.
ТРГНУВАЊЕ ОД ВЕЛЕС : Недела(8-ми февруари) во 6.15 часот од центар на автобуската постојка пред Хотел Интернационал.
Патеката започнува со одење по срт со благо искачување се до вештачкото Подлешко езеро (660 мнв) од каде продолжува одењето по срт до врвот Клепа.
НАПОМЕНА : Првиот дел од патеката(од Сирково до Подлес) е полесен и можат да го изодат сите со добра почетна кондиција. Вториот дел(од с. Подлес до врв) е со поголем наклон и понапорен, а третиот дел од патеката(спуштањето кон манастирот Св.Архангел) е доста физички понапорен бидејќи се спушта по делумно карпест и лизгав тер