ВелоЛисец - Радовиш

ВелоЛисец - Радовиш Adventure awaits, just one pedal away!

17/05/2026

Манданата 2026 🚵🏻‍♂️
Одлична MTB тура, врвна организација и уште подобро друштво! Благодарност до Осоговски Орел Кочани за гостопримството и атмосферата.

Тура што не спојува само велосипедисти, туку и спорт, природа и македонска историја преку споменот за Стефан Мандалов- Манданата 🇲🇰⛰️

#ВелоЛисец #ОдемеЈако #СамоПојачуваме

Прекрасна MTB вело тура „Манданата 2026“ во организација на Клуб За Планински Спортови Осоговски Орел Кочани  🚵🏻‍♂️ Уште...
17/05/2026

Прекрасна MTB вело тура „Манданата 2026“ во организација на Клуб За Планински Спортови Осоговски Орел Кочани 🚵🏻‍♂️

Уште еден одличен настан исполнет со дружење, адреналин, прекрасни патеки и вистинска MTB атмосфера. Голема благодарност до Осоговски Орел за беспрекорната организација и топлото гостопримство.

Посебна убавина на оваа тура е што не е само спортски настан, туку и потсетник на македонската историја и хероите кои оставиле белег во овие краишта. Името „Манданата“ гордо го носи споменот за Стефан Мандалов- Манданата, спојувајќи го велосипедизмот, природата и историското наследство во едно уникатно доживување 🇲🇰 🚵🏻‍♂️

Токму ваквите настани покажуваат дека велосипедот не е само средство за спорт и рекреација, туку начин да се запознаат луѓе, места, историја и традиции кои треба да се паметат.

Уште еднаш честитки до организаторите и до сите учесници! Се гледаме на АЗОТ 2026

Искрена благодарност до Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш за денешната одлично ...
12/05/2026

Искрена благодарност до Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш за денешната одлично организирана крводарителска акција и за благодарницата која ни ја доделија ❤️

За нас ова признание има големо значење, затоа што доаѓа од луѓе и волонтери кои секојдневно, тивко и без многу зборови, помагаат таму каде што е најпотребно.

Црвен Крст е еден од најважните столбови на хуманоста во нашето општество, а нивните волонтери се пример за пожртвуваност, солидарност и човечност.

Ни претставува чест што денес бевме дел од акцијата „КАПКА ЖИВОТ“ и што заедно испративме порака дека хуманоста, заедништвото и грижата за другите се уште постојат.

Посебна благодарност и до сите крводарители кои денес се приклучија на акцијата и со својот хуман чин помогнаа некаде да се спаси човечки живот ❤️

ВелоЛисец секогаш бил и ќе остане тука кога е најпотребно 🚴🏻‍♂️ ❤️🩸

11/05/2026

КАПКА ЖИВОТ 🩸
Крводарителска акција
🗓️ 12 Мај (Вторник)
🕘 9-15ч
📍 Локација: ОО Црвен Крст Радовиш

Организатор Црвен крст ОО Радовиш
Подржано од ЗГ ВелоЛисец Радовиш

Утре е денот 🩸🕘 09-15ч.📍 Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш
11/05/2026

Утре е денот 🩸

🕘 09-15ч.

📍 Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш

29/04/2026

Експедиција низ ❤️ на Илинден 🚵🏻‍♂️
Топ организација, одлично друштво и време... чисто уживање!
Фала МТБ Илинден 🙌

#ВелоЛисец #ОдемеЈако #СамоПојачуваме

24/03/2026
23/03/2026

Отворена сезона 🚵🏻‍♂️
ВелоЛисец со 19 учесници (8 млади 🔥) на “Ден на пролетта” n.14
Прво и второ место во бавна трка 💪🏻
Одлична организација од МТБ Штип 👏🏻
Ова е само почеток!
Одеме јако и само појачуваме 💪🏻

mtbtour

20/02/2026
🍇 Тројца членови на ВелоЛисец активно учествуваа на манифестацијата Недела на традицијата Свети Трифун - Демир Капија, н...
16/02/2026

🍇 Тројца членови на ВелоЛисец активно учествуваа на манифестацијата Недела на традицијата Свети Трифун - Демир Капија, на тура со велосипеди која беше одлично организирана од спортскиот клуб Клисура 🚵🏻‍♂️
Прекрасна дружба, одлична атмосфера и организација за пофалба. Настаните од ваков тип се вистински пример за спој на спортот, традицијата и заедништвото 🍷
Благодарност до организаторите и сите учесници за убавото искуство и позитивната енергија.

Address

Radovis
2420

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ВелоЛисец - Радовиш posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category