РК Радовиш / HC Radovis

РК Радовиш / HC Radovis Официјална фејсбук страница на ракометниот клуб РК Радовиш?

28/05/2026

📢 Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека бараж натпреварите за пласман во Супер лигата во машка и женска конкуренција ќе се одиграат во среда, на 03.06.2026 година, во спортската сала "25ти Мај" во Радовиш🤾‍♂️🤾‍♀️

🕔 Термини:
• 17:00 часот – женски бараж
• 19:30 часот – машки бараж

Во женска конкуренција ќе се сретнат екипите на
🔹 ЖРК Пелистер 2012🤾‍♀️
🔹 Ѓорче Петров МРК🤾‍♀️

Во машка конкуренција ќе настапат екипите на
🔹 РК Струга🤾
🔹 РК Младост 1977🤾

28/05/2026

📢 Известување

Закажаниот тренинг на младите момчиња и девојчиња на РК Радовиш се одложува поради оправдани причини и подготовка, односно местење на опремата за турнирот „Македонски Бисер“.

За следниот термин на тренингот, сите ќе бидат навремено известени.

Ви благодариме за разбирањето. 🤾‍♂️🤾‍♀️

Како управа на РК Радовиш изразуваме искрена благодарност до Живко Андонов за неговиот огромен придонес во развојот на р...
28/05/2026

Како управа на РК Радовиш изразуваме искрена благодарност до Живко Андонов за неговиот огромен придонес во развојот на ракометот во Радовиш.

Темелите на многу успешни ракометари и почетоците на ракометната приказна во нашиот град беа создадени токму благодарение на неговата посветеност, визија и љубов кон спортот.
Неговиот труд, несебичната работа и долгогодишната поддршка оставија траен белег во спортската историја на Радовиш и претставуваат инспирација за многу генерации млади ракометари.
Ви благодариме за сè што направивте за ракометот и за РК Радовиш!

Исто така, искажуваме искрена благодарност до Славјан Паунов за неговиот несебичен придонес кон клубот во изминатата деценија, како и за значајната улога во развојот и успесите на РК Радовиш.

Овој натпревар беше и последен во неговата играчка кариера – момент исполнет со емоции, почит и благодарност за сè што остави зад себе во дресот на Радовиш.

Со својата посветеност, борбеност и поддршка, Славјан остави траен белег во клубот и спортот во Радовиш, претставувајќи пример за многу млади генерации ракометари.

Благодарност за сите години посветени на РК Радовиш и среќно во новото животно поглавје!

РК Радовиш во последното коло запиша победа со резултат 31-29 против екипата на РК Струга
27/05/2026

РК Радовиш во последното коло запиша победа со резултат 31-29 против екипата на РК Струга

27/05/2026

🤾‍♂️ На денешниот последен натпревар од Супер ракометната лига за оваа сезона, РК Радовиш му искажа искрена благодарност на Живко Андонов за неговиот огромен придонес во развојот на ракометот во Радовиш.

Темелите на многу успешни ракометари и самите почетоци на ракометната приказна во нашиот град беа создадени токму благодарение на неговата посветеност, визија и љубов кон спортот.

Неговиот труд, несебична работа и долгогодишна поддршка оставија траен белег во спортската историја на Радовиш и претставуваат инспирација за многу генерации млади ракометари.

👏 Благодарност за сè што направивте за ракометот и за РК Радовиш!

🤾‍♂️ На овој натпревар РК Радовиш искажа искрена благодарност и до Славјан Паунов за неговиот несебичен придонес кон клубот во изминатата деценија, како и за значајната улога во развојот и успесите на РК Радовиш.

Овој натпревар воедно беше и последен во неговата играчка кариера — момент исполнет со емоции, почит и благодарност за сè што остави зад себе во дресот на Радовиш.

Со својата посветеност, борбеност и поддршка, Славјан остави траен белег во клубот и спортот во Радовиш, претставувајќи пример за многу млади генерации ракометари.

👏 Благодарност за сите години посветени на РК Радовиш и среќно во новото животно поглавје!

🎥 Во живо од натпреварот▪️▫️▪️ПЛЕЈ АУТ завршница од Супер ракометна лига на Македонија🇲🇰🤾‍♂️РК РАДОВИШ - СТРУГА⤵️ Среда ...
27/05/2026

🎥 Во живо од натпреварот

▪️▫️▪️ПЛЕЈ АУТ завршница од Супер ракометна лига на Македонија🇲🇰
🤾‍♂️РК РАДОВИШ - СТРУГА
⤵️ Среда 27.05.2026 год. Почеток 18.00 час.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ - ПЛЕЈ АУТ КОЛО 10

Вечерва од 18:00 часот, на ракометниот натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Струга, на влезот ќе биде поставена кутија од Цр...
27/05/2026

Вечерва од 18:00 часот, на ракометниот натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Струга, на влезот ќе биде поставена кутија од Црвен Крст ОО Радовиш за донации наменети за лекување на малата Тијана Дунгевска.

Ги повикуваме сите посетители и хумани луѓе, согласно своите можности, да донираат и да помогнат во оваа хумана акција. Секоја донација значи чекор поблиску до потребното лекување и надеж за Тијана.

Да покажеме хуманост и заедништво. ❤️

▪️▫️▪️ПЛЕЈ АУТ завршница од Супер ракометна лига на Македонија🇲🇰🤾‍♂️РК РАДОВИШ - СТРУГА⤵️ Среда 27.05.2026 год. Почеток ...
26/05/2026

▪️▫️▪️ПЛЕЈ АУТ завршница од Супер ракометна лига на Македонија🇲🇰

🤾‍♂️РК РАДОВИШ - СТРУГА
⤵️ Среда 27.05.2026 год. Почеток 18.00 час.
🕖 Радовиш

🎥 Во живо од натпреварот
https://macedoniahandball.com.mk/live-streaming/

Поради закажан турнир во спортската сала денес најмалите девојчиња и момчиња нема да имаат тренинг.Тренингот ќе се одржи...
26/05/2026

Поради закажан турнир во спортската сала денес најмалите девојчиња и момчиња нема да имаат тренинг.

Тренингот ќе се одржи во четврток од 19.30 час., после завршната приредба на градинката Ацо Караманов.

🤾‍♂️ Давид Ѓорѓиев, ракометар на нашиот клуб, е повикан во селективниот камп на новоформираната пионерска селекција на М...
26/05/2026

🤾‍♂️ Давид Ѓорѓиев, ракометар на нашиот клуб, е повикан во селективниот камп на новоформираната пионерска селекција на Македонија 🇲🇰

Тој настапува на позицијата лев бек и веќе важи за еден од најталентираните млади ракометари, каде што успешно настапува и е дел од пионерската и кадетската екипа на РК „Радовиш“.

Му посакуваме многу успех, здравје и уште поголеми спортски достигнувања во иднина! 👏🔥

Address

Bulevar Aleksandar Makedonski
Radovis

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when РК Радовиш / HC Radovis posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share