Одбојкарски клуб„ПРОБИШТИП“

Одбојкарски клуб„ПРОБИШТИП“ ОК Пробиштип

Денес во просториите на домот на културата градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски организираше свечен ...
20/05/2026

Денес во просториите на домот на културата градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски организираше свечен прием за кадетската и младинската екипа на нашиот клуб по повод големиот успех оваа сезона и освојувањето на вивешампионски титули во двете категории и огромниот нивен успех настапувајќи за СОУ Наум Наумовски Борче со освојувањето на Шампионската титула што е прва во историјата на училиштето.
Голема благодарност до градоначалникот и општина Пробиштип кои го уважија нашиот труд и успех и препознаа вистинска вредност во нашиот клуб кој и во иднина ќе биде гордост на градот.

ШАМПИОНИ!Гимназијада одбојка, Струмица.Нашата гимназија Наум Наумовски Борче од Пробиштип е шампион во одбојка 2025/2026...
12/05/2026

ШАМПИОНИ!
Гимназијада одбојка, Струмица.
Нашата гимназија Наум Наумовски Борче од Пробиштип е шампион во одбојка 2025/2026 година.
Два натпревари со максимални победи од 2:0 против СОУ Јане Сандански од Струмица во полуфиналето и против СОУ Раде Корчагин од Скопје во финалето, апсолутна доминација.
Ова е историска прва шампионска титула во одбојка на нашата гимназија од нејзиното постоење.
Сите кои настапија на финалниот турнир во Струмица се наши играчи, на ОК Весна Пробиштип.
-Неправдата и она што и беше одземено на овие момци во финалето од младинското првенство сега и се врати.
-БРАВО, ЧЕСТИТКИ, ШАМПИОНИ!
Ile Petrovski
Jonce Gorgiev
Одбојкарски клуб„ПРОБИШТИП“
Glory glory Probistip!!

Финале, кадетско првенство, Штип Струмица - Весна Пробиштип=3:0Освоеното второ место е реалноста во оваа категорија и ус...
26/04/2026

Финале, кадетско првенство, Штип
Струмица - Весна Пробиштип=3:0
Освоеното второ место е реалноста во оваа категорија и успех за нашата екипа, честитки за Струмица која има најкомлетна екипа.
Инаку натпреварите за трето и прво место со одлука на ОФМ, веројатно за "промоција" на одбојката се одиграа на неутрален терен во Штип, за трето место имаше вкупно тројца (3) гледачи, додека финалето го следеа 27 гледачи.

ФИНАЛЕ КАДЕТИ 2025/26ОК Струмица - ОК Пробиштип 26.04.2026 година Недела 13:30 часот ШтипСала Јордан МијалковГи повикува...
25/04/2026

ФИНАЛЕ КАДЕТИ 2025/26
ОК Струмица - ОК Пробиштип
26.04.2026 година Недела
13:30 часот Штип
Сала Јордан Мијалков
Ги повикуваме сите наши поддржувачи кои се во можност да дојдат и дадат поддршка на нашите кадети.
#ДвеНеделиДвеФиналиња

Освоено второ место во младинско првенство е своевиден успех за секоја екипа, но кога се знае дека не ни беше дозволено ...
20/04/2026

Освоено второ место во младинско првенство е своевиден успех за секоја екипа, но кога се знае дека не ни беше дозволено со цел тим да се бориме за првото место за нас овие момци се ШАМПИОНИ оваа сезона!

Финале младинци 2026Со оглед на сите околности резултатот е тој кој мораше по секоја цена да биде, а тоа е победа на дом...
19/04/2026

Финале младинци 2026
Со оглед на сите околности резултатот е тој кој мораше по секоја цена да биде, а тоа е победа на домашната екипа.
И покрај тоа што решивме да одиграме со поовина состав, во трениот сет имавме водство од 23:20, но тогаш на сцена стапија домашните судии, поклонија неколку поени во серија за домашната екипа и го завршија натпреварот.
Работнички Скопје - Весна Пробиштип=3:0
-Вакво нешто никогаш да не се повтори во одбојката!
Медалите и пехарот не ги примивме по предвидениот "свечен" протокол, ќе ги поделиме достоинствено во нашата сала утре во 18:00 часот,заедно со останатиот дел од екипата кој се враќа вечерва, како морални победници, како вистински шампиони, затоа што тоа го заслужуваат нашите играчи..На втората слика по посетеноста во салата се гледа колку голема промоција на одбојкара се направи, така не убедуваа кога го доделија финалето во Скопје, ќе било голема промоција.(Во делот десно се сите од Пробиштип).

-КОМУ МУ СМЕТА НАШИОТ КЛУБ?!?-Финални натпревари 2026 година во младинка и кадетска конкуренција.Почитувани љубители на ...
18/04/2026

-КОМУ МУ СМЕТА НАШИОТ КЛУБ?!?
-Финални натпревари 2026 година во младинка и кадетска конкуренција.
Почитувани љубители на спортот, финалните натпревари во младинските категории се круна на сезоната за секој клуб, а празник за одбојкта за сите гледачи и учесници, барема така ние сметаме, некои други очигледно НЕ!
Нашиот клуб секоја сезона во младинските категории забележува забележителни резултати, не постои сезона во која немаме освоено некои од првите три позиции во речиси сите категории, ние сме клуб како ретко кој друг во државата кој е насочен кон иднината на одбојката воопшто и најмногу вложуваме во младинските категории, што впрочем се гледа и од резултатите.
Нашиот клуб со години наназад продуцира репрезентативци, а во моментот активни репрезентативни во сениорската репрезентација се Филип Савовски(Панатенаикос), Тоше Ефремов(Словенија) и Стојче Арсов( УГД Штип), исто така во младинската и кадетската репрезентација имаме тројца наши претставници и уште неколку потенцијални, но сето ова изгледа дека не е доволно и не се почитува, туку напротив.
Резутлатите и продуцирањето на кадри спремни за повисоки дострели не доаѓа туку-така, секој што разбира знае дека тоа е продукт на многу вложен труд на тренерите во клубот, ретко кој во одбојката во Македонија има секој ден тренинг во сала плус три четири тренинзи наутро во тертана.
Но очигледно дека резултатите и нашиот клуб му сметаат некому!!??
Финалето во младинска конкуренција кое според календарот кој два пати во текот на сезоната се поместуваше се падна да се одигра на 19.04.2026 недела, датум кој се поклопуваше со ексурзијата низ Европа на дел од нашите играчи(четири).Ние реагиравме со официјално барање до ИО на ОФМ (барање кое не стигна до сите членови на ИО) за да ни се излезе во пресрет и да се помести календарот, иако имаше доволно време за да се најде соодветно решение, до тоа никако не дојде со разно разни образложенија и негирање што според нас е голем пораз и срам за одбојкта, ако се земе фактот дека дел од тој тим се младински репрезентативни-потенцијални идни сениорски репрезентативци. Вакви поместувања имаше секоја сезона, не е прв пат, но кога ние прв пат побаравме не убедуваа дека тоа е срамота, недозволиво, требало играчите да не одат на ексурзија (која е одамна договорена и ги чини нивните родители по 500 евра) итн.
Не почитувани, ние сме горди на нашите играчи во сите категории, со љубов и страст работиме многу година, но за што и чиј интерес работите Вие прашуваме Ние?
Да биде куршлусот уште поголем морало финалниот натпревар да се одигра во Скопје кај екипата финалист и згора на Се морало да има и домашни Скопски судии, а зошто па не додадете уште некое правило, на пример да започнува натпреварот со 1:0 во сетови за домаќинот...
Еве кога толку била битна победата на Скопската екипа, ние не мора да играме со пионери, на гостински терен, со домашни судии од Скопје, ете ви порачуваме уште денес да и ги поделите медалите и победничкиот пехар, да не чекаат до утре, Ние на ваков турнир не мора ни да учествуваме!
Нашиот клуб на 09.04.2026 достави и официјална понуда за организација на финални натпревари која вклучува многу бенефити за сите финалисти , за трето и прво место, понуда која нас финански ќе не чини, но кому тоа му е битно?
Идната недела се игра и финале во кадетска конкуренција во кое ние сме финалисти, но и тоа е однапред договорено да се игра во Струмица.
-Овие момци подолу на сликата се нашите ШАМПИОНИ тоа е нашата златна генерација,тие се наша ГОРДОСТ!!!
..во коментар е линк од минатогодишното финале во кадетска конкуренција, за да се види како се организира достоинствено едно финале.

Финалее! Победа во реваншот! Весна Пробиштип - Борец Велес=3:1Златен сет 16:14 #ФиналеКадети #ФиналеМладинци
05/04/2026

Финалее!
Победа во реваншот!
Весна Пробиштип - Борец Велес=3:1
Златен сет 16:14
#ФиналеКадети
#ФиналеМладинци

05.04.2026 година Недела, 14:00 час. Кадети реванш натпревар.Потребна е победа од 3:0 за пласман во финале, со победа од...
03/04/2026

05.04.2026 година Недела, 14:00 час. Кадети реванш натпревар.
Потребна е победа од 3:0 за пласман во финале, со победа од 3:1 ќе се продолжи кон уште еден таканаречен „Златен сет“ кој се игра до 15 поени.
Ги повикуваме љубителите на одбојката и спортот во Пробиштип да дојдат во поголем број и да и дадат поддршка на нашите кадети.

ФИНАЛЕЕ! Младинци, полуфинале втор натпревар во Струмица.Струмица - Весна Пробиштип 2:3
22/03/2026

ФИНАЛЕЕ!
Младинци, полуфинале втор натпревар во Струмица.
Струмица - Весна Пробиштип 2:3

Address

Пробиштип
Probistip
2210

Telephone

032484000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Одбојкарски клуб„ПРОБИШТИП“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Одбојкарски клуб„ПРОБИШТИП“:

Shortcuts

Share

Category