09/06/2025
Другари и другарки по точак од цела Македонија, викендов се одржа третото издание на планинската велосипедска тура Ramnishte Cave MTB 2025 и од срце ви се заблагодаруваме на вашето присуство!
Топлото време не нѐ спречи да имаме одлична дружба на овој авантуристички настан. Одличната траса по која што се движи патеката, комбинираниот терен, прекрасните пејсажи, истражувањето на самата пештера Рамниште која беше целосно осветлена, повеќето пунктови кои што ја држеа групата компактна и овозможија учесниците ентузијасти да се дружат и при самото педалирање создадоа фантастична атмосфера, а многуте насмевки и позитивната енергија за време и по завршувањето на турата беа доволен доказ за тоа, што претставува мотивација, но и наша обврска следното издание да го издигнеме на уште повисоко ниво!
Уште еднаш се заблагодаруваме на сите учесници, затоа што сепак вие сте причината за организацијата на овој настан. Дружењето, забавата, позитивната енергија, создавањето пријателства и конекции низ цела Македонија е она што е најбитно. Тоа што сите нас нѐ спојува е љубовта кон планинскиот велосипедизам и само заедно можеме да создадеме подобра приказна!
Ве очекуваме наредната годината на четвртото издание на нашата Рамниште тура. Ветуваме нови сегменти на патеката и нормално уште подобра дружба. Искрено ваши, тимот на Маркови Точакџии.