27/10/2020
Неизвесноста на ситуацијата продолжува. Мораме и понатаму да се грижиме за себеси, посебно ако имаме проблеми со грбот, вратот и било кој дел од рбетниот столб. Заради ограничувањето на движењата, ви нудиме можност да во домашни услови спроведувате соодветни вежби под стручно водство на искусно медицинско лице, д-р Благоја Ѓорѓиески, специјалист физијатар со повеќе од 20 години искуство во физикалната медицина но истовремено и професор по јога со повеќе од 30 години наставна дејност во јога.
За време на специјализираниот курс по јога ќе бидете запознаени со природата на рбетните заболувања, како едноставно да ги надминете вашите потешкотии, да си дозволите беспрекорно функционирање на професионален план но и да го доживувате благодетот на секојдневието со вашите најблиски.
Пријавените кандидати ќе бидат претходно контактирани со цел да се добие кратка историја на здравствените проблеми со анализа на претходните наоди од вашиот рбетен столб (биохемиски анализи, Rtg, Mri и/или KTM).
Пријавете се навреме за да благовремено ги добитете сите релевантни информации за специјализираната програма.
ПРАТЕТЕ СМС ПОРАКА НА 075242678