02/01/2026
Денеска е денот на свети Игнат! 🙏 Легендата вели дека тоа што ќе го правиш денеска, ќе го правиш цела година… Е па, денеска вежбавме до максимум, значи оваа година ќе бидеме најзгодни, најсилни и најнасмеани! 😻💥
Моите прекрасни девојки од студиото, секогаш насмеани, мотивирани и полни со енергија – Ви благодарам што секој ден го правите посебен! 💖 Не само оние на сликата, туку сите кои доаѓате, вежбате, се трудите и верувате во себе – секој од вас е посебен! 🌹💪
За сите што денеска беа тука и за оние што вежбаа онлајн – вашата енергија и труд се брои двојно! 😍
А за "неверниците" што не ја почувствуваа магијата на свети Игнат денеска… па, ништо, ќе им се припише на утре 😉
Среќна Нова година од Fitness Studio Lady-Fit! 🥳✨
Нека оваа година биде полна со сила, насмевки, резултати и, се разбира, многу вежбање! 💪❤️