28/04/2026
🙌🫶
На Superior Runs 2026, посебно признание добива Велковски Кирил, роден 1952 година, како највозрасен учесник на трката.
Неговиот настап е потсетник дека трчањето не припаѓа само на најбрзите, туку и на најупорните. На луѓето кои не дозволуваат годините да им постават граница, туку ги користат како доказ дека активниот живот може да трае долго.
Кирил, благодариме што со твоето присуство испрати порака која вреди повеќе од секое време на финиш линијата.
Честитки за настапот и за примерот што го даде на сите генерации. 💙💚