30/06/2025
ПОЧИТУВАНИ !!!
Фудбалската школа ТОНИ како организатор заедно со Општина Прилеп на турнирот „ПРИЛЕП КУП 2025“ ви се заблагодарува на сите кои придонесовте изминатите три дена да имаме незаборавни дружења, интересни натпревари полни со емоции, натпревари кои поминаа во една спортска и фер плеј атмосфера во која на крајот слободно можеме да констатираме дека победи љубовта кон фудбалот , посебно до сите дечиња кои зедоа учество на овогодишниот турнир. Исто така благодарност до многубројната публика која ја имаше на трибините на градскиот стадион „Гоце Делчев“ - Прилеп изминатите три дена која беше коректна. Се надеваме дека имресиите кои ги понесовте од нашиот турнир ќе останат во вашите спомени уште долго , а нам ни останува уште од денеска да работиме и да се спремаме наредниот турнир „ПРИЛЕП КУП 2026“ да биде што помасовен и поквалитетен.
ПОЗДРАВ
ФУДБАЛСКА ШКОЛА "ТОНИ" - Прилеп