Правила на Авантуристичкиот Парк Панорама Пехчево
ОПРЕМА ЗА АВАНТУРИСТИЧКИОТ ПАРК
1.Појас за качување
2.2 карабинери / 3 зип линија карабинери
3.Јаже / зип линија јаже
4.Кацига
5.Ракавици
6.Затворени обувки
АДРЕНАЛИНСКА ПАТЕКА
- Движењето по рампите само со опрема.
- Секогаш корисникот да биде осигуран (закачен) со два карабинери.
- На секоја платформа може да има не повеќе од две лица.
- На
секоја рампа само по едно лице.
- Качувањето на патеката може да се реализира само после инструкциите на инструкторот и потпишување на декларација за согласност и почитување на правилата.
- Придржувањето кон инструкциите од инструкторот е задолжително.
- Качувањето по патеката се врши само преку ден.
- При силен ветер паркот не се користи.
- Лица под дејство на алкохол и опојни дроги не смеат да се качуваат по паркот.
- Делот од адреналинската патека кој е наменет за возрасни не смеат да го користат лица пониски од 150см, додека детскиот дел не смеат да го користат лица пониски од 110см.
ЗИП ЛИНИЈА
- Зип линијата може да ја користи само едно лице
- Платформите на зип линијата можат да ги користат само корисниците и инструкторите.
- Инструкторот ги дава инструкциите за начинот на користење на зип линијата.
- 3 пати спуштање на зип линијата се смета:
1. За надминување на стравот
2. Техничко запознавање
3. Стекнување на искуство
- При пристигнувањето на последната платформа од зип линијата инструкторот дава инструкции како треба да постапи корисникот при приземјување на платформата.
- Зип линијата не смеат да ја користат лица пониски од 110см.
ЗАБРАНИ
- Палење на оган во паркот
- Забрането пушење
- Носење на остри предмети
- Носење на отворени обувки