10/05/2026
👉🏻 Меморијален турнир "Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски Профа" 2026 ⚽️
Со особена чест и почит, ве покануваме на јубилејното 10-то издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“, турнир кој традиционално се организира во спомен и вечна почит кон две личности кои оставија длабока трага во нашата заедница.
Овој турнир се одржува во чест на нашиот почитуван професор Васко Речкоски – Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор во
ООУ ,,Живко Чинго'' с.Велгошти, како симбол на благодарност за нивниот придонес, човечност и вредности што ги пренесуваа.
Како едно од најпрепознатливите спортски случувања во југозападниот регион, турнирот претставува можност младите до 19 години преку спорт, дружење и фер-плеј да ги продолжат идеалите што тие ги негуваа.
Ние, како нови организатори и тие пред нас, со огромна посветеност го чуваме ова дело, со желба нивното име и спомен засекогаш да живеат меѓу младите генерации.
„Споменот живее таму каде што делата никогаш не се забораваат.