08/03/2026
Веслачката федерација ги споделува главните наоди од истражувањето за родова еднаквост во веслачкиот спорт, спроведено во рамки на проектот "Веслање без бариери: Зајакнување на жената и промена на политиките за родова еднаквост".
📋 По спроведената анализа на правната регулатива, како и по обработката на анкетните прашалници дистрибуирани до спортисти и спортистки, како и до лица ангажирани во органите и телата на управување, беа согледани клучните состојби, предизвици и потребни насоки за понатамошно дејствување.
🔎 Истражувањето покажа дека постојат позитивни тенденции, но и понатаму постои потреба од посистемски пристап за:
• 👧 поголемо учество на девојчињата во веслачките клубови
• 👩💼 посилна застапеност на жените во органите и телата на управување
• 📣 поголема видливост и поддршка за жените во спортот
• 📚 развој на политики, мерки и активности за родова еднаквост
• 🤝 јакнење на инклузивноста и еднаквите можности во веслачкиот спорт
💙 Како федерација, остануваме посветени на создавање поотворена, поправична и поинклузивна спортска средина, во која секое девојче и секоја жена ќе имаат реална можност за учество, развој и успех.
🇪🇺 Оваа активност е реализирана во рамки на проектот " Фер Игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики " кој го спроведува Олимписките комитет на Северна Македонија со партнерите, а кофинанаиран од Европската Унија.
#ВеслачкаФедерација #РодоваЕднаквост #ЖениВоСпорт #Веслање #Инклузија #ЕУПроект