01/07/2026
Со особено задоволство ја информираме јавноста дека членот на нашиот клуб, Филип Спасески од генерацијата 2016 е селекторан и доби право да учествува на кампот на Реал Мадрид кој ќе се оддржи во Мадрид, Шпанија. Филип во периодот од 15-19 јуни 2026 учествуваше на селекционен камп на Реал Мадрид во Белград и во конкуренција на 2000 деца кои учествуваа на 20 кампови организирани од Реал Мадрид во 2026 година успеа да се избори да биде избран во 3 % од децата кои добија покана за Мадрид. Горди сме на успехот на нашиот фудбалер! Ова е големо признание и за нашата фудбалска школа! Заедно со Филип продолжуваме и натаму напорно да работиме на остварување на заедничките фудбалски цели!