25/01/2024
ОДРЖАНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ на МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА АМАТЕРСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И КЛУБОВИ
🫶Вчера (24.01.2024 година) се одржа Годишното собрание на Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски здруженија и клубови МААВЗК во која партиципираат 16 велосипедски здруженија и клубови од цела Македонија.
На ова годишно собрание покрај утврдувањето на органите на Асоцијацијата, беа разгледувани и неколку работи и тоа:
- Асоцијацијата ги потврди мандатите на сите членови во УО, НО;
- Асоцијацијата ги потврди мандатите на Претседателот, тројцата подпретседатели и Секретатот;
- Се разгледуваа плановите за активности за оваа 2024 година;
Она што е и најважно во овој момент за Асоцијацијата е постигнување на акламативен договор за креирање на КАЛЕНДАР НА ВЕЛОСИПЕДСКИ НАСТАНИ ЗА 2024 година.
📅Календарот ќе биде објавен наскоро
Во овој календар може да бидат објавувани и настани на здруженија и клубови кои имаат желба да бидат објавени а истите не се членови на Асоцијацијата.
🇲🇰Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски здруженија и клубови МААВЗК ги повикува сите велосипедски здруженија и клубови во Македонија да ни се придружат и заеднички да си помогнеме и да изградиме нова, поквалитетна и поефикасна организациска концепција за сите велосипедски настани во Македонија со цел да им овозмжиме на сите љубители на рекреативниот велосипедизам и сите приврзаници на активниот, алтернативниот спорт и воопто сите спортови на отворено да имаат квалитетни услови за учество на истите.
📡Исто така ги повикуваме сите надлежни институции да обрнат внимание на нашата работа и нашите активности, затоа што сметаме дека сите ние здруженија и клубови сме најголемите промотори на Македонија!!!
Оваа 2024 година ќе биде полна со велосипедски настани, outdoor фестивали и многу,многу заеднички извозени километри во планина...