Halk Velo Green

Halk Velo Green HALK VELO GREEN 22 КМ - хронометар трка на 8 Септември на Мавров?

Драги велосипедисти/ки,📸Сакаме да ве известиме дека Вашите бесплатни фотографии од трката HalkVeloGreen'25 можете да ги ...
10/09/2025

Драги велосипедисти/ки,

📸Сакаме да ве известиме дека Вашите бесплатни фотографии од трката HalkVeloGreen'25 можете да ги преземете директно на вашиот паметен телефон на getpica.com.

ℹ️Доколку некој го има изгубено кодот за да влезе на GetPica може да испрати е-маил на [email protected] и истиот ќе му биде испратен.

🎉Ги поздравуваме и им ја честитаме победата и на натпреварувачите кои со своите постигнати резултати се истакнаа во одде...
09/09/2025

🎉Ги поздравуваме и им ја честитаме победата и на натпреварувачите кои со своите постигнати резултати се истакнаа во одделните групи на возрасни категории.

👏Продолжете да бидете пример за идните генерации!

🎉Честитки и до најдобрите тимови!👏Големо БРАВО за вашата екипираност и тимскиот дух!
09/09/2025

🎉Честитки и до најдобрите тимови!
👏Големо БРАВО за вашата екипираност и тимскиот дух!

🏆Честитки за победниците во категориите ДЕЦА, МЛАДИ и ХОБИ!👏Едно големо БРАВО за најбрзите велосипедисти во сите категор...
09/09/2025

🏆Честитки за победниците во категориите ДЕЦА, МЛАДИ и ХОБИ!

👏Едно големо БРАВО за најбрзите велосипедисти во сите категории.

🎁Првопласираните натпреварувачи во машка и женска конкуренција во категоријата ХОБИ освоија парични награди во износ од 15.000, 10.000 и 5.000 денари на својата Mastercard дебитна картичка во Халкбанк за прво, второ и трето место, додека во категориите МЛАДИ и ДЕЦА наградите изнесуваа 10.000, 5.000 и 3.000 денари на детска штедна книшка во Халкбанк.

🥰Им благодариме на сите учесници за учеството, за позитивната енергија и натпреварувачкиот дух кој владееше за целото време на трката.

🥳Дојде денот!🎒Понесете спортска опрема, добро расположение и натпреварувачки дух и ве чекаме во Маврово.🖐️Се гледаме на ...
08/09/2025

🥳Дојде денот!

🎒Понесете спортска опрема, добро расположение и натпреварувачки дух и ве чекаме во Маврово.

🖐️Се гледаме на старт!

Програмата на овогодинешниот HalkVeloGreen🎉Натпревар, забава и дружење за сите возрасти 🌲
07/09/2025

Програмата на овогодинешниот HalkVeloGreen🎉
Натпревар, забава и дружење за сите возрасти 🌲

🖐️Ги поздравуваме сите поддржувачи на овогодинешното издание на HalkVeloGreen меѓу кои се HalkInsurance, Polleo Sport, P...
07/09/2025

🖐️Ги поздравуваме сите поддржувачи на овогодинешното издание на HalkVeloGreen меѓу кои се HalkInsurance, Polleo Sport, ProBike, TagTiming, Resort Mavrovo и медицинските екипи кои со својата енегија и посветеност придонесуваат настанот да помине во најдобар ред.

🤝Ви благодариме за Вашата поддршка уште од самите почетоци на HalкVelo Green во 2020 година!

‼️Важни информации за сите учесници.👉Секој учесник ќе треба да дојде на стартот со својот велосипед спремен за трка, со ...
06/09/2025

‼️Важни информации за сите учесници.

👉Секој учесник ќе треба да дојде на стартот со својот велосипед спремен за трка, со поставен стартен број напред на својот велосипед, 10 минути пред своето стартно време кое е објавено во стартната листа.
👉Мерењето ќе биде со помош на чипови и ќе има поставено контролни точки на старт/цел и на вртењето пред Хотелот Радика.
👉 На неколку места на патеката ќе има судии кои ќе се грижат за регуларноста на трката.
👉Во зоната на стартот ќе има и пункт за сервисирање на велосипедите од наша позната велосипедска продавница.
👉 На одредени места на патеката ќе има медицински екипи. Ако ви е потребна помош, обратете се кај волонтерите, судиите или медицинските лица.
👉Резултатите на сите натпреварувачи и ранг листата ќе можат да се следат во живо на нашата веб страна и на www.tagtiming.mk

Среќно!

06/09/2025

👀Погледнете колку добро си поминавме лани.

😁Одлучивте да настапувате сами или како дел од ТИМ?

🤝Здружете се заедно со вашите колеги или другари, забавувајте се и спремете се за тимска победа за која се разбира ќе следи добра частовка.

🖐️Се гледаме на 8 Септември во Маврово!😉Опремете се со натпреварувачки дух и желба за добра забава и ве очекуваме во доб...
06/09/2025

🖐️Се гледаме на 8 Септември во Маврово!

😉Опремете се со натпреварувачки дух и желба за добра забава и ве очекуваме во добро расположение!

🚴🚴🚴Драги велосипедисти и велосипедистки, сакаме да Ве известиме дека секој учесник на велосипедистката трка HalkVeloGree...
05/09/2025

🚴🚴🚴Драги велосипедисти и велосипедистки, сакаме да Ве известиме дека секој учесник на велосипедистката трка HalkVeloGreen ’25 ќе добие стартен пакет со:

• Стартен број со чип
• Посебно дизајниран медал за завршена трка
• Освежување
• Онлајн диплома
• Бесплатни фотографии од трката (GetPica)
• Подарок од Халкбанк
• Осигурување од несреќен случај за времетраење на трката.

‼️Стартните броеви ќе се подигнуваат во продавницата ProBike (www.probike.mk) во Скопје на 5 септември (петок) од 11- 20 часот и на 6 септември (сабота) од 10- 15 часот.

‼️Официјално пријавувањето е завршено.👉Стартните броеви ќе се подигнуваат во продавницата ProBike (www.probike.mk) во Ск...
04/09/2025

‼️Официјално пријавувањето е завршено.

👉Стартните броеви ќе се подигнуваат во продавницата ProBike (www.probike.mk) во Скопје на 5 септември (петок) од 11- 20 часот и на 6 септември (сабота) од 10- 15 часот.

👉Стартниот број мора да биде поставен напред на вашиот велосипед, а секој учесник ќе треба да дојде на стартот со својот велосипед спремен за трка, 10 минути пред своето стартно време кое е објавено во стартната листа.

🖐️Се гледаме во Маврово.

Address

Mavrovo

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Halk Velo Green posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Halk Velo Green:

Share

Category