Fit Club Phoenix

Fit Club Phoenix Фит Клуб Феникс Куманово

Embryolisse Lait-Crème Concentré - „Кремата - чудо“ Спој на медицината и козметиката ✨️Кремата која стана вирална на соц...
10/02/2023

Embryolisse Lait-Crème Concentré - „Кремата - чудо“ Спој на медицината и козметиката ✨️

Кремата која стана вирална на социјалните мрежи со своите неверојатни резултати, а е омилена и меѓу дерматолозите - сега достапна и во аптеките Kaiser.

Освен што е совршена основа за шминка, се користи и како крема за хидратација, но и како маска, затоа што доаѓа со мултифункционален систем, кој директно ја хидратира и регенерира кожата, но и ја подготвува за надворешен стрес.
Ја остава кожата мека, хидратирана и со нежен сјај.

Исклучителна нега која со децении ја подржуваат дерматолозите и make-up артистите како француска тајна на убавата и негувана кожа.

Со хидратантни и хранливи состојки, текстура богата со есенцијални масни киселини и витамини од природно потекло, овозможува неопходна нега и хидратација и ја заштитува кожата од влијанието на надворешните фактори. Кожата станува поотпорна, зацврстена и свиленкаста.

Обезбедете го најдоброто од француската козметика за своето лице и проверете зошто токму оваа крема стана вирален хит на интернет.

Кремата е достапна во аптеките Kaiser во пакувањата од 30ml и 75ml, како и на нашата веб-страна.

За повеќе информации пишете нѝ порака, или посетете некоја од нашите аптеки.

Ново во Фит Клуб Феникс - ФУНКЦИОНАЛЕН ФИТНЕС со Анастасија Бошковска. Термини: Понеделник, среда и петок од 20:30. За п...
04/11/2020

Ново во Фит Клуб Феникс - ФУНКЦИОНАЛЕН ФИТНЕС со Анастасија Бошковска.
Термини: Понеделник, среда и петок од 20:30.
За попусти и дополнителни информации пишете ни во инбокс.
Местата се ограничени, групата се формира, а за најбрзите ќе има изненадувања.

3 години Fit Club PhoenixФотографија: Сандра Трајковска
31/10/2019

3 години Fit Club Phoenix
Фотографија: Сандра Трајковска

3 години семејство, 3 години тим, 3 години тренинг, забава, дружба, искуства и многу пријателства!

Во соработка со Ofilame и Снежана Станојкова, Каизер Аптеките и школата за спортска гимнастика „Атлета“, а со поддршка о...
28/10/2019

Во соработка со Ofilame и Снежана Станојкова, Каизер Аптеките и школата за спортска гимнастика „Атлета“, а со поддршка од Виртуал М и Conan Gym & Fitness, на 06.10.2019 ги организиравме петтите фит игри. Повторно споивме луѓе од различни фитнес калибри, да се дружат, забавуваат, спортуваат, да ги вежбаат своите тимски вештини. Специјални гости на настанот беа Елена Бубало и Атанас Михајловски.
Огромна благодарност до сите учесници, гости, до организаторите и подржувачите на настанот за прекрасниот ден, одличната атмосфера и дружба. Се гледаме во наредна прилика!
Фотографија: Сандра Трајковска

Во рамки на петтите фит игри, организиравме едукативна сесија со Елена Бубало и Атанас Михајловски на тема „Зонска исхра...
22/10/2019

Во рамки на петтите фит игри, организиравме едукативна сесија со Елена Бубало и Атанас Михајловски на тема „Зонска исхрана“. Дискутиравме за општото влијание на начинот на исхрана врз перформансите на телото, како различниот состав во исхраната влијае врз спортските перформанси, како „зонската“ исхрана влијае врз одржување на инсулинот во т.н. „зона„ и како можеме да ги примениме овие насоки во нашето секојдневие.
Особена благодарност до Елена и Атанас, тимот на Oriflame и Снежана Станојкова, организаторите Kaiser Pharm и Школата за спортска гимнастика „Атлета“ и подржувачите на настанот Виртуал М и Conan Gym & Fitness.

Во соработка со Ofilame и Снежана Станојкова; Каизер Аптеките и школата за спортска гимнастика „Атлета“, а со поддршка о...
04/10/2019

Во соработка со Ofilame и Снежана Станојкова; Каизер Аптеките и школата за спортска гимнастика „Атлета“, а со поддршка од Виртуал М; Визиана и Conan Gym & Fitness, на 15.09.2019 ги организиравме четвртите фит игри.
По четврти пат успеавме да здружиме луѓе од различни сфери од фитнесот, како и фитнес ентузијасти и луѓе кои живеат активно, да спортуваме, да се дружиме и забавуваме.
Огромна благодарност до сите учесници, до организаторите и подржувачите на настанот за прекрасниот ден, одличната атмосфера и дружба. Се гледаме во наредна прилика!
Фотографија: Ивана Јовановска Кузмановска

Address

Narodna Revolucija 56
Kumanovo
1300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Fit Club Phoenix posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share