18/05/2026
КРАЈ НА СЕЗОНАТА Трета Лига Север 2025/26
На крајот на сезоната нашата екипа го зазема високото трето место на табелата.
На почетокот на сезоната влеговме со амбиција да се бориме за првото место и влез во Втора лига.
Уште на стартот на сезоната бевме ослабнати со неколку повредени играчи и со неколку играчи кои заминаа на проба во клубови од повисок ранг и продолжија своите кариери да ги градат во тие клубови.
На нас секако ни се намали ростерот на планираните играчите но продолживме да се бориме за врвот на табелата и да прикажуваме добри игри и на домашен и на гостински терен.
На крајот на сезоната завршивме во топ три екипи во доста силна и квалитетна лига каде кумановските фудбалери добро го одиграа целото првенство.
Екипата оваа сезона беше предводена од неколку искусни играчи кои беа срце на екипата,а останатиот дел од екипата воедно и поголем дел од екипата беа млади играчи кои со својата борбеност но и со квалитет ја оправдаа укажаната доверба од тренерот и одлично ја одиграа целата сезона.
Паралелно со сениорската екипа се натпреварува и младинската екипа кој се натпреваруваше во Втората младинската лига и која и наредната сезона ке се натпреварува во истата но со поголеми амбиции.
Сите заедно за фудбалот во Куманово 💙 🤍