20/05/2026
Многумина не прашуваа дали KTC ќе се врати, епа одговорот е ДА!
Се враќаме со четвртото издание од 26-28 јуни. Истиот концепт, истата локација, истиот дух.
Во време кога сѐ поскапува, сакаме да испратиме и мала порака. Сведоци сме дека стартарините сѐ повеќе излегуваат од контрола и полека губиме дел од она што го прави овој спорт посебен. Планинското трчање треба да остане верно на својата суштина: едноставно, природно и достапно за секого.
Затоа оваа година ги намалуваме цените! 🙌
Пријавите се отворени на веб страницата: www.ktc.zlatovrv.mk
Се надеваме дека повторно се гледаме во Крушево, подготвени да трчаме низ коријата, да се сретнеме со стари пријатели и заедно да создадеме нови спомени. 🌳
Со почит,
тимот на KTC 🖤💛💚