19/07/2021
Велосипедските фанатици се на потег, започнаа подготовките за втората Halk Velo Green велосипедска трка
Сите вљубеници во велосипедизмот, оние кои професионално се бават со овој спорт, но и оние кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство или како средство за рекреација, имаат можност да ја проверат својата физичка кондиција, но и да се забавуваат и да уживаат во природата на преубавото Маврово доколку се пријават на втората хронометар веосипедска трка Halk Velo Green http://www.halkvelogreen.mk/ која и годинава, на 8 септември ја организира Халкбанк. Пријавувањето на учество во трката веќе е започнато и ќе трае до 31 август, односно до моментот кога ќе се исполни предвидениот број од најмногу 500 учесници.
За сите што ќе се пријават до 31 јули, котизацијата изнесува 800 денари, за пријавите од 1 до 15 август – 1000 денари, а за пријавување од 16 до 31 август – 1200 денари. На секој учесник му следува стартен пакет со чип, освежување, онлајн диплома, бесплатни фотографии од трката (Pic2Go), подарок од пријатели на трката, осигурување од несреќен случај за времетраење на трката, како и медал за завршена трка. Собраните средства од котизациите, и годинава повторно ќе се искористат за набавка на садници за пошумување на одредени површини во земјава каде што има потреба за истото. Собраните средства од ланската хронометар велосипедска трка беа искористени за набавка на 8000 дрвја со кои е извршено пошумување во Свети Николе.
Кој рано рани, Early bird попуст граби 🚵
Пријавувањето за Halk Velo Green e во полн ек. Кликни на линкот подолу и искористи го попустот за рано пријавување до 31 јули. Се гледаме на 8 септември, на стартната позиција!
http://www.halkvelogreen.mk/page6.html