30/05/2022
АРЕНА СПОРТ ЌЕ ГИ ПРЕНЕСУВА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!!!
Лигата на нации, Квалификациите за ЕП 2024, СП 2026 и ЕП 2028 ќе бидат пренесувани на АРЕНА СПОРТ!!!
МРТ НЕМА ДА ГИ ПРЕНЕСУВА натпреварите на Македонија.
Националниот сервис се обидел преку „сублиценца“ и на посреден начин, да ја емитува содржината. Сепак, сумата која требало да ја платат, 3 МИЛИОНИ ЕВРА, била превисока.
Во продолжение, изјава на Драган Николовски (главен уредник на спортската програма на МРТ), за порталот skopjeinfo.mk. Тој вели дека државата треба да му помогне на националниот сервис, кога се во прашање откупување на вакви „големи зделки“. 👇
За ова, само навидум неважно прашање коешто всушност е од многу поширок интерес, имајќи ги особено предвид промоцијата којашто Македонија го добива од фудбалската репрезентација, а и деликатноста на моментот во меѓународни, не само спортски, рамки, сепак на МРТ и е потребна и силна поддршка од државата – порачува Николовски.