15/06/2026
☀️ Летен распоред – Отворени тренинзи!☀️
Поради летниот период и годишните одмори, Центарот за боречки вештини БУДО воведува OPEN МАТ тренинзи за сите членови.
Ова е одлична можност за дополнителна физичка подготовка, усовршување на техниките и одржување на формата во текот на летото. Тренинзите се прилагодени за сите нивоа и се одвиваат во пријателска и мотивирачка атмосфера.
Тренираме заедно, напредуваме заедно!🥊