12/01/2026
📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛД „БИСТРА“ 🐗
Ги информираме сите ловци дека ловната сезона за дива свиња завршува на 14.01.2026 година (среда), кој ќе биде и последен ловен ден во оваа сезона.
По тој повод, дневните дозволи за сите членови на ЛД „Бистра“ ќе бидат БЕСПЛАТНИ.
Од 15.01.2026 година започнува строг ловостој, при што ќе се спроведуваат активности на терен за контрола и прихрана на дивечот.
Сите ловци кои сакаат волонтерски да се приклучат и да помогнат во овие активности се добредојдени.
🎯 Ви благодариме за дисциплината и одговорниот однос кон ловиштето!