KK Gostivar 1954

KK Gostivar 1954 КК Гостивар е кошаркарски клуб кој потекнува од истоимениот град.
Во овој град кошарката е спорт број еден многу години наназат

Последен натпревар од сезоната 2025/2026!Утре го играме последниот натпревар на домашен терен. Иако резултатот нема да д...
27/04/2026

Последен натпревар од сезоната 2025/2026!

Утре го играме последниот натпревар на домашен терен. Иако резултатот нема да донесе промени на табелата, наша обврска е да одиграме чесно, борбено и професионално до самиот крај.

Ова е момент да им оддадеме почит и поддршка на нашите играчи, кои од првиот ден оставија срце на теренот и издржаа една од најтурбулентните сезони во овие 9 години.
⚪️🔵⚪️🔵

📍 Утре,Вторник 18:00 часот
🏟 Сала „Младост“Гостивар

Победа на вчерашниот натпревар против големиот Работнички! 💪По 40 минути жестока борба, беа потребни дополнителни 5 мину...
19/04/2026

Победа на вчерашниот натпревар против големиот Работнички! 💪

По 40 минути жестока борба, беа потребни дополнителни 5 минути за да ја потврдиме заслужената победа! 🏀
Тимски дух, срце и карактер беа клучни во последните минути.
Големо браво за КК Гостивар!

Следно коло не чека нов предизвик на гостински терен против екипата на Феникс.
Одиме со истата енергија и желба за победа! 🔵⚪️🔵⚪️

Втор натпревар од плеј аут на домашен терен против екипата на КК Работнички.Шансите за опстанок се сеуште во игра, утре,...
17/04/2026

Втор натпревар од плеј аут на домашен терен против екипата на КК Работнички.
Шансите за опстанок се сеуште во игра, утре, Сабота 18.04.2026 од 18:00ч во спортската сала Младост.
🔵⚪️🔵⚪️🔵

На денешниот натпревар бевме почестени со присуството на легендата на гостиварскиот клуб ʼНиколфертʼ - Ѓорѓи Књазев кој ...
05/04/2026

На денешниот натпревар бевме почестени со присуството на легендата на гостиварскиот клуб ʼНиколфертʼ - Ѓорѓи Књазев кој е во роднинска врска со нашиот тренер Перо Блажевски! Две легенди на Гостиварската кошарка!
🔵⚪️🔵⚪️🔵

🏀🔥 Во Гостивар се вратија спомените на пеколниот тандем: Књазев му донесе среќа на Блажевски

Носталгија + победа = совршен ден за навивачите 🙌

#Кошарка #Гостивар #МакБаскет #Легенди #Носталгија

Деталите - во коментари ⬇️⬇️⬇️

Победа против Феникс во фото-финиш со поените на Кем Грегори!🏀🔥По-слабата реализација за 3 поени ни донесе дополнителна ...
05/04/2026

Победа против Феникс во фото-финиш со поените на Кем Грегори!🏀🔥

По-слабата реализација за 3 поени ни донесе дополнителна неизвесност во второто полувреме, но тимот покажа карактер, борбеност и срце до последна секунда! 💪👏

Честитки до играчите за огромната борба и до публиката за поддршката! 🙌

Победа во чест на Ѓоке! 🏀Оваа победа не е само резултат…Оваа победа има душа, има тежина и има име.За човекот што остави...
21/03/2026

Победа во чест на Ѓоке! 🏀

Оваа победа не е само резултат…
Оваа победа има душа, има тежина и има име.

За човекот што остави трага,
за човекот што живееше за клубот,
за нашиот Ѓоке.

Секој поен, секој скок и секоја борба на теренот
беа во негова чест.

Нека оваа победа биде мал доказ дека споменот живее,
а делото никогаш не се заборава.

Почивај во мир, Ѓоке.
Ова беше за тебе. ❤️

Денес на домашен терен го играме еден од најважните натпревари против екипата на КК Маџари – тим кој оваа сезона приреди...
21/03/2026

Денес на домашен терен го играме еден од најважните натпревари против екипата на КК Маџари – тим кој оваа сезона приреди големо изненадување и покажа дека може да се носи со секого.

Станува збор за екипа која игра брза и динамична кошарка, со изедначени натпревари против сите противници. Токму затоа, вечерва нè очекува вистинска борба на паркетот!
🔵⚪️🔵⚪️

📍 Сала „Младост“Гостивар
🕕 18:00 часот

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски-Ѓоке – спортски директор, еден од основачите на нашиот кл...
14/03/2026

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски-Ѓоке – спортски директор, еден од основачите на нашиот клуб.

Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, тој беше еден од темелите врз кои се градеше нашата приказна. Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот.

Покрај спортот, Ѓорѓи беше почитуван и како долгогодишен директор во ЕСМ Гостивар, каде со својата работа и професионалност придонесе за развојот на институцијата и за доброто на градот.

Ќе го паметиме како човек со големо срце, искрен пријател и вистински спортски работник.

Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познаваа.

Нека почива во мир.🕊️
Слава му.

Утре нашиот тим го пречекува составот на Чаир во еден од најважните натпревари во овој дел од сезоната. На домашен терен...
10/03/2026

Утре нашиот тим го пречекува составот на Чаир во еден од најважните натпревари во овој дел од сезоната. На домашен терен нашите кошаркари ќе дадат сè од себе за нова голема победа!

🏀 КК Гостивар 🆚 Чаир
📍 Спортска сала „Младост“ – Гостивар
📅 Утре 11.03.2025
⏰ 18:30ч

Address

Gostivar
1230

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when KK Gostivar 1954 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category