31/12/2025
Ти благодариме 2025-та!
Самиот почеток на годината ни навестуваше ваков крај. Уште во февруари, на последниот турнир во пионерска категорија во разигрувањето по групи, ја остваривме првата победа што за нас беше голем успех, но тука не застанавме и тоа беше само добра најава за најуспешната година што ни претстои.
Со почетокот на натпреварувачка сезона 2025/26 клубот почнавме да забележува навистина одлични резултати, што резултираше со освојување на први места по групи во двете категории пионерска и кадетска. Во пионерска категорија забележавме три убедливи победи со резултат 2:0 во сетови, две против екипата на ОК Младост УГД-2- Штип и една против екипата на ОК Ѓорче Петров-Скопје, но имаме и еден пораз со резултат 2:0 од екипата на ОК Шкупи од Скопје, но и покрај тоа, остануваме на првата позиција во групата што ни претставува особена задоволство, знаејќи дека останатите екипи имаат поголема традиција. Исто така во кадетската категорија забележавме три победи, две против екипата на ОК Фокс Волеј од Скопје со резултат 2:0 и 2:1 во сетови и пораз и победа од 2:1, односно 1:2 против екипата на ОК Те Волеј од Тетово.
Во оваа повозрасна категорија после есенскиот дел од првенството сме на првото место во групата. Би сакале да напоменеме дека во кадетската категорија настапуваме со значително помлада екипа што ни претставува големо задоволство и надеж за светла и перспективна иднина.
Па така на крајот на годината,би сакале да упатиме посебна благодарност до сите наши златни деца, тренери и верни поддржувачи кои со посветена и макотрпна работа придонесуваат за остварување на се подобри и подобри резултати. Новата година нека биде мотивација и голем потик за тоа што следува во следната!
Среќна Нова 2026 година исполнета со здравје, радост, среќа и многу нови победи и спортски успеси, Ви посакува Одбојкарскиот клуб Феникс Волеј од Гостивар!