Почетоците на ракометната игра на територијата на Општината „Ѓорче Петров“ датира од далечната 1962 година, кога е формиран Ракометниот Клуб „Ѓорче Петров“ со почетокот на натпреварување на женската екипа во ракометната лига на Република Македонија. Истиот тој клуб го достигна врвот во ракометот со освојување на титулата Шампион на Европа, афирмирајќи го името на Општината, Државата и нашето опште
ство во светот. Две години подоцна, 1964 година, е формирана машката екипа на Ракометниот Клуб „Ѓорче Петров“ кој активно се натпреваруваше во ракометните лиги во земјата. За жал, лимитирани од просторни услови – непостоење на Спортска сала во Ѓорче Петров во минатото, предизвика мигрирање на активностите на Ракометниот Клуб надвор од границите на Општината и постепено гаснење на активностите на машката екипа на Ракометниот клуб во 1992 година.
Изградбата на две нови Спортски сали на територија на Општината, а посебно изградбата на Спортската Сала „Ѓорче Петров“ во СДУ „Кочо Рацин“ преку Агенцијата за Млади и Спорт, иницира возобновување на Ракометниот Клуб „Ѓорче Петров – 64“ со цел омасовување на ракометната игра на територија на Општината, одвраќање на младите од пороци, формирање на младински школи за ракомет и промоција на соработката со бизнис заедницата и локалната самоуправа.
Ракометниот клуб „Ѓорче Петров – 64“ во „Агенцијата за Млади и Спорт“ е регистриран за обавување Дејност Спорт - Ракомет, и веднаш по реактивирањето во 2009 година, успешно почна да се натпреварува во натпреварувањата организирани од Ракометната Федерација на Македонија:
- Првата Машка Ракометна Лига за натпреварувачката во сениорска конкуренција.
- Кадетската Машка Ракометна Лига – исток за натпреварувачи од 16-18 години.
- Пионерската Машка Ракометна Лига – во организација на Ракометната Федерација на Македонија и Мини Ракометната Лига организирана од Ракометниот Клуб „Металург“ од Скопје за натпреварувачи помлади од 16 години.
Во исто време формирани се ракометни школи од учениците во основните училишта во Ѓорче Петров со над 80 ракометари - почетници на возраст од 10 до 16 години.
Сите категории ракометари имаат внимателно организиран, редовен и стручно спроведен тренажен процес кој се одвива во една спортска и две училишни сали со потребните помагала и реквизити за успешно совладување на ракометните вештини.
Континуираниот и брз напредок на ракометарите се забележува во постигнатите резултати во сите категории и се поголемото присуство на публика на натпреварите.
Треба да се подвлече дека сите членови на раковотството на Ракометниот Клуб се поранешни ракометари и со посветено работат на исполнување на програмата на клубот.