Училишен спортски клуб Училишни Ѕвезди Гевгелија

  • Home
  • Macedonia
  • Gevgelija
  • Училишен спортски клуб Училишни Ѕвезди Гевгелија

Училишен спортски клуб Училишни Ѕвезди Гевгелија Спортски клуб при ООУ Крсте Мисирков Гевгелија

27/07/2026

🏊‍♂️ ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО ПЛИВАЊЕ ЗА ДЕЦА - 2026 ✅

Согласно Програмата за спортски активности, Општина Гевгелија и оваа година ја реализира активноста - Бесплатни часови по пливање за деца на возраст од 7 до 12 години.

По тој повод, се објавува Јавен повик за пријавување на заинтересирани учесници.

Целта на оваа активност е поттикнување на здравиот психо - физички развој на децата, промовирање на активниот начин на живот и стекнување на основните пливачки вештини.

Часовите ќе ги спроведуваат професори по физичко и здравствено образование и се наменети за деца жители на Општина Гевгелија, на возраст од 7 до 12 години.

ℹ️Активностите ќе се реализираат во периодот од 3 до 27 август 2026 година, четирипати неделно на базен „Coconut“ во Гевгелија.

📝 Пријавувањето започнува во вторник (28.07) и ќе трае до четврток (30.07), во просториите на Општина Гевгелија (Голема сала), во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

Преку оваа иницијатива инвестираме во развојот на најмладите, создавајќи можности за активно, здраво и квалитетно детство.

Одличен успех на нашата ученичка Пепика Дебникова . Прво место на 60 метри на државно ниво на Плазма спортските игри . О...
30/06/2026

Одличен успех на нашата ученичка Пепика Дебникова . Прво место на 60 метри на државно ниво на Плазма спортските игри . Одиме во Сплит по медал ....
Честитки 🏆😍💪

09/06/2026

🏆 Завршија училишните лиги во фудбал, кошарка и одбојка! 🏆

По многу натпревари, неизвесни завршници, радост, разочарувања и незаборавни моменти, уште едно издание на училишните лиги успешно е завршено.

Во изминатиот период учениците покажаа дека спортот не е само борба за победа, туку и школа за живот. На терените видовме пожртвуваност, тимска игра, дисциплина, почит кон противникот и вистински спортски дух. Секој натпревар носеше нови емоции, нови пријателства и спомени кои долго ќе се паметат.

Победниците ги освоија пехарите и медалите, но вистински победници се сите учесници кои со својата посветеност, труд и желба за натпреварување придонесоа овие лиги да бидат успешни и исполнети со прекрасни спортски моменти.

Нека овие натпревари бидат потсетник дека успехот не се мери само со освоено прво место, туку и со храброста да се излезе на терен, да се даде максимум и достоинствено да се прифати секој резултат.

Честитки до сите ученици кои беа дел од оваа прекрасна спортска приказна. Се гледаме повторно следната година, со нови предизвици, нови шампиони и уште повеќе спортски возбудувања! ⚽🏀🏐👏🏅

🏆 Завршија училишните лиги во фудбал, кошарка и одбојка! 🏆По многу натпревари, неизвесни завршници, радост, разочарувања...
09/06/2026

🏆 Завршија училишните лиги во фудбал, кошарка и одбојка! 🏆

По многу натпревари, неизвесни завршници, радост, разочарувања и незаборавни моменти, уште едно издание на училишните лиги успешно е завршено.

Во изминатиот период учениците покажаа дека спортот не е само борба за победа, туку и школа за живот. На терените видовме пожртвуваност, тимска игра, дисциплина, почит кон противникот и вистински спортски дух. Секој натпревар носеше нови емоции, нови пријателства и спомени кои долго ќе се паметат.

Победниците ги освоија пехарите и медалите, но вистински победници се сите учесници кои со својата посветеност, труд и желба за натпреварување придонесоа овие лиги да бидат успешни и исполнети со прекрасни спортски моменти.

Нека овие натпревари бидат потсетник дека успехот не се мери само со освоено прво место, туку и со храброста да се излезе на терен, да се даде максимум и достоинствено да се прифати секој резултат.

Честитки до сите ученици кои беа дел од оваа прекрасна спортска приказна. Се гледаме повторно следната година, со нови предизвици, нови шампиони и уште повеќе спортски возбудувања! ⚽🏀🏐👏🏅

Со големо задоволство споделуваме прекрасни моменти од заедничкото дружење на нашите ученици.Активноста беше успешно реа...
08/02/2026

Со големо задоволство споделуваме прекрасни моменти од заедничкото дружење на нашите ученици.
Активноста беше успешно реализирана од училишниот спортски клуб, а ние продолжуваме со нови спортски содржини и активности.

Најголема љубов кон татковината е влогот во идните генерации. Им се заблагодаруваме на нашите спонзори  , Pecatnica Alfa...
20/01/2026

Најголема љубов кон татковината е влогот во идните генерации. Им се заблагодаруваме на нашите спонзори , Pecatnica Alfabet и Винарија Маркудови за несебичната поддршка во реализација на нашата скијачка школа Банско 2026 ✨

Тимот на Училишни Ѕвезди
19/01/2026

Тимот на Училишни Ѕвезди

Address

Петар Мусев број 22
Gevgelija

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Училишен спортски клуб Училишни Ѕвезди Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category