Планинарски спортски клуб ДВЕТЕ УШИ Гевгелија

  • Home
  • Macedonia
  • Gevgelija
  • Планинарски спортски клуб ДВЕТЕ УШИ Гевгелија

Планинарски спортски клуб ДВЕТЕ УШИ Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Планинарски спортски клуб ДВЕТЕ УШИ Гевгелија, Sports Club, Улица Маршал Тито бр. 129/2, Гевгелија, Gevgelija.

П О К А Н АПочитувани,Ве покануваме во недела на ден 28.9.2025 година да го реализираме традиционалното седмо по ред едн...
22/09/2025

П О К А Н А
Почитувани,
Ве покануваме во недела на ден 28.9.2025 година да го реализираме традиционалното седмо по ред еднодневно дружење на Кожуф планина – искачување на врв Мала Рупа 2004 м.н.в.
Програма :
06.45 часот - Собир на сите учесници.
07.00 часот - Официјално започнување на искачувањето од Смрдлива Вода.
12.00 часот - Затворање на врвот за искачување и враќање на учесниците кон Смрдлива Вода.
16.00 часот - Заеднички ручек и доделување благодарници за учество.
Патеката е погодна за сите возрасти, со тоа што нуди можност секој во зависност од својата психофизичка подготвеност да си одбере една од следните опции :
1.Смрдлива Вода - Исирова пресека (од 1.5 до 2 часа, лесна патека)
2.Смрдлива Вода - Исирова пресека – Натстрешница - Врв Сува Рупа (од 3 до 3.5 часа, средна патека)
3.Смрдлива Вода - Исирова пресека – Натстрешница - Врв Сува Рупа - Врв Мала Рупа (од 4 до 5 часа, средно тешка патека)
Патеката е маркирана, одење и враќање по иста патека и со присуство на водичи од клубот.
Пристигнување на стартот во Смрдлива Вода е со Ваш сопствен превоз. Како учесници треба да бидете добро психофизички подготвени и опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови (планинарски чевли, јакна, ракавици, резервна облека, кабаница, топла облека и сл.)
Вода за пиење има на две места долж патеката.
Потребно е да си носите прибор за јадење, затоа што по завршувањето на маршот следи планинарско гравче во планинарскиот дом на Смрдлива Вода.
Задолжително пријавување до 27.9.2025 година на e-mail:[email protected].
Лице за контакт : Пепи 078/261-184.
НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Со почит,
ПСК ДВЕТЕ УШИ ГЕВГЕЛИЈА

Address

Улица Маршал Тито бр. 129/2, Гевгелија
Gevgelija
1480

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Планинарски спортски клуб ДВЕТЕ УШИ Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category