КК Кожув

КК Кожув Кошаркарски клуб КОЖУВ Гевгелија

Кошаркарскиот клуб Кожув Гевгелија упатува искрени честитки по повод Божиќните и Новогодишните празници до сите љубители...
04/01/2026

Кошаркарскиот клуб Кожув Гевгелија упатува искрени честитки по повод Божиќните и Новогодишните празници до сите љубители на кошарката, спортските работници, тренери, судии, спортисти и пријатели на спортот.

Ви посакуваме многу здравје, среќа, мир и успех, како на личен, така и на професионален план. Нека новата година донесе нови победи, фер-плеј, спортски дух и уште поголема љубов кон кошарката и спортот воопшто.

Благодарност до сите кои несебично го поддржуваат спортот и кошарката во нашата заедница. Заедно продолжуваме да градиме силна и успешна спортска приказна.
Среќни Новогодишни и Божиќни празници!
🔴⚪️🏀🇲🇰

Крај на првиот дел од сезоната 2025/26Би рекле успешен прв дел од оваа натпреварувачка сезонаа, со неколку промени и кал...
24/12/2025

Крај на првиот дел од сезоната 2025/26
Би рекле успешен прв дел од оваа натпреварувачка сезонаа, со неколку промени и калкулации како во играчкиот така и во тренерскиот кадар сепак останавме да котираме во горниот дел од табелата.

Моментално нашиот тим се наоѓа на делба на третото место на табелата заедно со тимовите на Кк Пелистер и Кк Куманово.

Одличнна полусезона исполнета со многу интресни и возбудливи натпревари , но несомнено е дека во вториот дел од сезоната ќе бидеме сведоци на уште повеќе вакви интересни и возбудливи дуели.

Затоа ги повикуваме сите љубители на кошарката да дојдат во што поголем број и да бидат ветер во грб за нашиот состав.
Нова година - нови предизвици!

До тогаш останете во добро здравје и во спортски дух да го пречекаме вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, а секако тука е и купот на Македонија во кој исто така нашиот состав се прикажа во добро издание освојувајќи го второто место!

Со почит Кк Кожув Гевгелија 🔴⚪️🏀🇲🇰

По десет одиграни кола, познат е распоредот на натпреварувањето од вториот круг М16 лигата во машка конкуренција.Вкупно ...
23/12/2025

По десет одиграни кола, познат е распоредот на натпреварувањето од вториот круг М16 лигата во машка конкуренција.

Вкупно осум екипи стигнаа до статусот на „Прволигаши“ кои овозможува директен пласман во доигрувањето за титула – државен првак во оваа М16 конкуренција на играчи родени 2010/11 и помлади.

Меѓу овие осум екипи стигна и нашата екипа „Кожув“ – Гевгелија, единствена од внатрешноста на Македонија во друштво на седум екипи од Скопје. Согласно системот за натпреварување овие осум екипи: Кожув, Ангели, МЗТ, Работнички АП, Работнички 2018, Вардар и Феникс и Водно Санс, ќе одиграат уште 14 кола, по што ќе бидат познати и стартните броеви за учество во плеј-офот.

Овој резултат го направија играчите кои се иднина на клубот: Костадин Поцков; Марко Горгиев; Филип Трајанов; Давид Мајсторов; Јован Андоновски; Томица Савов; Александар Бојмалиев; Гордан Миленковиќ; Стефан Дуев; Кристијан Алексов; Лука Челев; Милорад Кнежевиќ; Андреј Божинов; Кристијан Дагалев,
под раководство на тренерот Иле Ефимов.

За овој успешен проект застанаа раководството на клубот и Општина Гевгелија обезбедувајќи максимални услови и како материјални така и финансиски (сала за тренинзи и утакмици, патувања ,опрема и реквизити за истите) покривајќи ги комплетните трошоци за несметано учество во оваа „ADASTRA“ лига организирана во склоп на КФМ Кошаркарска Федерација на Македонија

КОЖУВ М-20 СЕ ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ !КК КОЖУВ 96:72 КК МЗТ СКОПЈЕ  М-20Уште еднаш нашите младинци докажаа дека не се случајно н...
22/12/2025

КОЖУВ М-20 СЕ ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ !

КК КОЖУВ 96:72 КК МЗТ СКОПЈЕ М-20

Уште еднаш нашите младинци докажаа дека не се случајно на врвот на табелата и со 24 поени разлика го заверија првото место во М-20 лигата а со тоа станаа и есенски прваци!

Честитки до играчите и сите спортски работници кои испишуваат една успешна приказна во младинските категории и ги охрабруваме заедно мотивирано да продолжат така да го претставуваат нашиот клуб и нашиот град!!
Гевгелија има со што да се гордее и не требе да стравува за иднината на нашиот спортски колеткив!!
#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија
🔴⚪️🏀🇲🇰

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА КК КОЖУВ ВО БИТОЛА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ КК ПЕЛИСТЕР !!!Кк Пелистер Битола 76:83 Кк Кожув Гевгелија Одличен ...
20/12/2025

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА КК КОЖУВ ВО БИТОЛА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ КК ПЕЛИСТЕР !!!

Кк Пелистер Битола 76:83 Кк Кожув Гевгелија

Одличен натпревар за избраниците на Љупчо Малинков на тешкото гостување во Битола против состав на Кк Пелистер!!

Предводник на денешната победа беше повторно Вашингтон кој со дабл-дабл учинок ни донесе нова победа, тој успеа да постигне 31 поен и 10 скокови!
Пурвис и Вајт натпреварот го завршија со по 13 поени, додека заменик капитенот Бојчев и Зетов натпреварот го завршија со по 11 постигнати поени!

#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија
🔴⚪️🏀🇲🇰

Кк Пелистер:Кк Кожув 📅 20.12.25 Сабота 🕛Почеток 18:30ч📍Боро Чурлевски Битола #ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија 🔴⚪️🏀🇲🇰Линк ...
20/12/2025

Кк Пелистер:Кк Кожув
📅 20.12.25 Сабота
🕛Почеток 18:30ч
📍Боро Чурлевски Битола

#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија
🔴⚪️🏀🇲🇰

Линк од натпреварот во коментар ⬇️

Со 100-ка до победа против Куманово!!Нашиот состав денеска успеа да слави на домашен терен против тимот на Кк Куманово с...
14/12/2025

Со 100-ка до победа против Куманово!!
Нашиот состав денеска успеа да слави на домашен терен против тимот на Кк Куманово со резултат :
Кк Кожув 100:92 Кк Куманово

Најефикасен во составот беше Пурвис кој постигна 30 поени, потоа Вашингтон со дабл-дабл учинок , тој зад своето име запиша 20 поени и 10 скокови и индекс на ефикасност 28. Со двоцифрен број на поени натпреварот го завршија и Николас 15 поени ,Симиќ со 14 поени а извонреден натпревар имаше и заменик капитенот Никола Бојчев кој постигна 12 поени, 5 скокови и 2 асистенции !

Благодарност до публиката за големата подршка и секако голема благодарност до нашиот 6ти играч Фантоми Север!!

#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија

Следен натпревар:Кк Кожув: Кк Куманово 📅 14.12.25 Недела🕛Почеток: 20:00ч📍Спортска сала 26-ти Април Гевгелија  #ЕденКлубЕ...
12/12/2025

Следен натпревар:
Кк Кожув: Кк Куманово
📅 14.12.25 Недела
🕛Почеток: 20:00ч
📍Спортска сала 26-ти Април Гевгелија
#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија
🔴⚪️🏀🇲🇰

06/12/2025

УТРЕ ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ ТРАДИЦИЈАТА - ВТОРА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ „ДА ПУШТИМЕ КОРЕНИ ВО НАШАТА ГЕВГЕЛИЈА“

📅 7 декември Недела 2025 година
⏰09:00 часот
📍 Mилош Брдо, с. Негорци
(https://maps.app.goo.gl/RV1WxJK6cJwzS6zh6?g_st=ipc)
🌳 над 10.000 садници чемпрес

Се повикуваат сите граѓани, институции и граѓански организации да се приклучат и заеднички да се даде придонес во обновувањето на дрвниот фонд во општина Гевгелија.
организатори: Oпштина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, ЈП „Македонски шуми“- ПШС „Кожув“- Гевгелија и ОО Црвен крст- Гевгелија.

Да дадеме заеднички придонес во обновувањето на дрвниот фонд во нашата Гевгелија.

Следен натпревар:🔵⚪️ Мзт Скопје: Кк Кожув Гевгелија 🔴⚪️📅 07.12.25 Недела🕛 Почеток : 18:00ч📍 Спортска сала "Јане Санданск...
04/12/2025

Следен натпревар:
🔵⚪️ Мзт Скопје: Кк Кожув Гевгелија 🔴⚪️
📅 07.12.25 Недела
🕛 Почеток : 18:00ч
📍 Спортска сала "Јане Сандански" Скопје
#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија
🔴⚪️🏀🇲🇰

Голема победа од 22 поени разлика за избраниците на Апостолов во М-20 младинската лига против тимот наКк Работнички Скоп...
21/11/2025

Голема победа од 22 поени разлика за избраниците на Апостолов во М-20 младинската лига против тимот на
Кк Работнички Скопје

Одличен натпревар во кој нашиот состав имаше постојано водство а во еден момент од натпреварот истото изнесуваше и над 33 поени разлика!

Со ова нашиот клуб остана непоразен и со 6 победи на исто толку натпревари го заведе првото место на табелата!!

Со ваква младина Кожув за својата иднина не треба да стравува!
Честитки до тренерот Апостолов и до неговите избраници, продолжете така да ги преставувате и браните боите на нашиот клуб!
#ЕденКлубЕденГрадКожувГевгелија 🔴⚪️🏀🇲🇰
#ВоМладитеЕИднината
#КФМ #М20 #КкКожув #КкРаботнички

🏀 М20 – Дали дојде моментот за златната генерација на КК Кожув? 🔴⚪КК Кожув М20 продолжува да го пишува своето најубаво с...
20/11/2025

🏀 М20 – Дали дојде моментот за златната генерација на КК Кожув? 🔴⚪

КК Кожув М20 продолжува да го пишува своето најубаво спортско поглавје!
По фантастичната победа над Вардар во Скопје – клуб кој важи за институција во младинската кошарка и кој во последната деценија извади најмногу играчи – нашите момци остануваат единствени без пораз со 5 победи од 5 натпревари.

📊 Табелата кажува сѐ:
✔️ Кожув – 5 натпревари, 5!победи, 0 порази
✔️ Најдобра кош-разлика во лигата
✔️ Прво место

Оваа прекрасна група, предводена од младинските репрезентативци Кузманов, Букршлиев и Зетов (кој не настапи против Вардар поради повреда), потоа Ичев, Ефтимов расте во вистински шампионски тим.

🔥 Дали е време за златната генерација на Кожув?
🔥 Дали конечно можеме да ја освоиме М20 лигата?

Утре во Гевгелија го дочекуваме тимот на Работнички 2018. Со победа – ја заверуваме врвната позиција.

Ајде Гевгелија, време е за полна сала и силна поддршка!
Напред Кожув! 🔴⚪💥

Натпреварот ќе се одигра во Петок 21.11.25
со почеток од 17:30ч

#КККожув #ЗлатнаГенерација #Гевгелија #МладинскаКошарка #ШампионскиДух

Address

Talja Bikova BB, MKD
Gevgelija
1480

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when КК Кожув posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share