РАСПОРЕД
Понеделник и среда,
18:00 - 19:00 - Zumba Gold
19:15 - 20:15 - Zumba
20:30 - 21:30 - Zumba Sentao,
Вторник и четврток
9:30 - 10:30 - Zumba Sentao
---------------------------------------------------
ZUMBA
Програмата Зумба е Латински-инспириран, фитнес-танцувачки час кој вклучувајќи ги латинската и друга интернационална музика во комбинација со танц - креира динамична, возбудлива
, и ефикасна фитнес програма. Зумба часот – пошироко познат како Зумба Фитнес Забава – вклучува аеробичен и фитнес пристап, опфаќа и комбинира брзи и бавни ритми кои го тонираат и го обликуваат телото, сѐ со цел - постигнување на единствен и ефективен баланс на кардио и мускулатурна добивка. ZUMBA GOLD
Зумба Голд (Златна Зумба) е серија на фитнес програми специјално дизајнирани за сениорите, активните возрасни, почетниците во фитнес светот како и останатата популација на која ѝ е потребно модифицирање и прилагодување. Зумба Голд ги зема во употреба возбудливите Латински и други интернационални ритми, креирани во оригиналната Зумба Програма.
Според Американскиот Колеџ за Спортска Медицина (ACSM), целта на програма за вежбање за сениори е одржување на функционалниот капацитет за самостоен живот, намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, намалување на хронични заболувања, промовирање на здраво тело и здрав дух, и изразување можности за социјално дружење. ZUMBA SENTAO
Зумба Сентао програмата е комбинација за зајакнување и тренирање на телото со стекнување на отпорност, користејќи иновативни танцувачки фитнес движења. Зумба Сентао се остварува со помош на столче. Како дел од атмосферата на Зумба Забава и енергизирачките светски ритми, овој до-сега-не-виден-тренинг ги тонира мускулите, го зајакнува нашиот абдоминален систем и ги гори калориите на еден уникатен и возбудлив начин.