18/04/2026
➡️ Голема победа, но недоволна за елиминации – искуство повеќе за нашата генерација 2014 ⚽️
Фудбалерите кои настапуваат на Златибор, под водство на тренерот Мартин Крлески, денес го одиграа единствениот натпревар од групната фаза против екипата 𝘼𝙁𝘾 𝙑𝙄𝘾𝙏𝙊𝙍𝙄𝘼 𝙅𝙪𝙣𝙞𝙤𝙧 - 𝘽𝙪𝙘𝙪𝙧𝙚𝙨𝙩 од Романија🇷🇴 , каде остваривме убедлива победа со резултат 0:9 🎯⚽️
Сепак, оваа висока победа не беше доволна за нашите деца да продолжат во елиминациите, бидејќи останатиот натпревар од нашата група помеѓу другите екипи заврши со нерешен резултат, што не беше во прилог на нашиот тим за пласман понатаму.
Децата од оваа категорија, по доцното „разбудување“ на турнирот на Златибор, не успеаја целосно да го покажат своето реално лице. Иако во изминатите неколку месеци тие на повеќе елитни турнири достигнаа високи рангирања 🏆, но турнирите за деца се од брз и специфичен систем, па не треба да бараме вина кај другите, туку да учиме од сопствените грешки и да ги поправиме. 📈
Се надеваме дека на следното учество на истиот турнир ќе го покажеме вистинското лице на клубот и на децата кои го претставуваат. 💪⚽️
На организаторот му се заблагодаруваме за поканата да бидеме дел од овој турнир и се надеваме на повторно заедничко дружење и следната година. 🤝
⚽️