18/02/2026
Битола избра спортисти за 2025 година!
Првите натпревари оваа година за пливачкиот клуб Олимпик од Битола не се одиграа во вода, тука на копно. Имено, вчера во салата на Народниот театар Битола се одржа манифестација - Избор на најдобри спортисти на Битола за 2025 година по 62. пат во организација на Сојузот на спортови на Битола. Во конкуренција на многу млади спортисти, Сојузот на спортови наградуваше најдобри младинци во 2025 година, меѓу кои и нашите пливачки Мила Петровски, Кристина Петровски и Анабела Динева се закитија со ова престижно признание.
Честитки и уште поголеми успеси упати тренерот Кире Марков.