08/09/2025
Билијард клуб КОНЗУЛИ – Државно првенство 2025 🇲🇰
На 30 и 31 август 2025 година, во организација на Билијард Федерацијата на Македонија, се одржа Државното првенство во билијард. Нашиот клуб Конзули учествуваше со свои претставници во А и Б дивизија, каде што достојно го браневме името на клубот и нашиот град Битола.
🔹 Б дивизија
Нашите играчи Мартин Муловски, Албен Алија, Филип Огненовски и Мики Јоновски се натпреваруваа со голема желба и борбен дух, но резултатите не беа во согласност со нашите очекувања. Свесни сме дека за подобри пласмани ќе бидат потребни повеќе напорни тренинзи и максимална посветеност.
🔹 А дивизија
Во најсилната дивизија настапија Христо Василевски и Златко Ицановски, кои покажаа врвен квалитет и извонредна игра. Христо успеа да стигне до полуфинале, додека Златко се избори за финале, но за жал го загуби натпреварот за титулата.
Сите наши натпреварувачи ја вложија целата своја енергија и страст кон играта, а овој настап ни покажа дека имаме потенцијал за уште подобри резултати. Продолжуваме со уште поинтензивни тренинзи и подготвителни активности за следните натпреварувања.
📌 Следниот викенд се игра Купот на Македонија, каде очекуваме уште подобри резултати и се надеваме на високи пласмани.