ТРЧАЈ БЕ

ТРЧАЈ БЕ Добредојдовте на официјалната ФБ страница на Трчај Бе | Welcome to the official page of Trcaj.be

Почитувани родители,Сите деца кои учествуваа на овогодинешното издание на „Мини Трчај бе“ во своите стартни пакети добиј...
23/06/2026

Почитувани родители,

Сите деца кои учествуваа на овогодинешното издание на „Мини Трчај бе“ во своите стартни пакети добија по еден гратис билет за 3Д кино проекција.

Со големо задоволство ве покануваме на специјалната проекција на филмот “Бунтовната принцеза” организирана токму за нашите мали тркачи:

📅 Сабота, 27 јуни
🕛 12:00 часот
🎬 3Д кино проекција за учесниците на „Мини Трчај бе“

Понесете го билетот што го добивте во стартниот пакет и придружете ни се на уште едно убаво дружење по трката.

Ве очекуваме да продолжиме да создаваме убави спомени заедно.

МИНИ ТРЧАЈ БЕ & 3D Кино Битола

⭐️
20/06/2026

⭐️

Постои еден интересен начин да се измери квалитетот на еден град. Не преку бројот на нови згради. Не преку бројот на кафулиња. Не преку нови работни места. Туку преку прашањето колку простор им остава на децата. Дали има каде да играат. Дали има каде да трчаат. Дали има настани на кои не се публика, туку главни актери. Минатата сабота Битола даде еден можен одговор.

Повеќе од 800 деца пристигнаа на четвртото издание на „Мини Трчај бе“, денес најмасовната детска трка во државата. Но приказната никогаш не беше само за бројката. Ниту за резултатите. Ниту за медалите. Иако на крајот од денот сите деца си заминаа дома со медали за учество, а осумдесет се искачија на пиедесталот како најуспешни во своите категории. Приказната беше нешто друго. Беше приказна за град кој на еден ден реши да се гледа себеси од висина на детски очи. Во атлетиката велат дека секој спорт започнува со трчање. Пред да научиш да шутираш топка, трчаш. Пред да научиш да дриблаш, трчаш. Пред да научиш да победуваш, учиш како да стигнеш до целта. Можеби затоа трчањето е најискрениот спорт што постои. Не бара многу. Само еден чекор напред. Децата тоа го разбираат подобро од сите нас. Никој не треба да ги учи да трчаат. Тие трчаат сами. Кон другар. Кон игралиште. Кон сладолед. Кон сè што им изгледа интересно. Трчаат затоа што светот за нив сè уште е место што треба да се открива.
ТРЧАЈ БЕ

fans Прочитајте повеќе на линкот во коментар.
фотографка | Кети Талевска Бакревска

Повеќето фотографии од трки покажуваат кој победил.Овие фотографии покажуваат што значи да трчаш.Заматени контури.Раце ш...
18/06/2026

Повеќето фотографии од трки покажуваат кој победил.

Овие фотографии покажуваат што значи да трчаш.

Заматени контури.
Раце што летаат низ кадар.
Нозе што едвај ја допираат земјата.
Секунда што трае доволно долго за да стане фотографија.

Горан Кузмановски не ја фотографираше трката.

Ја фотографираше брзината.

А брзината кај децата е поинаква.

Не е резултат.
Не е време на часовник.
Не е борба против конкуренцијата.

Тоа е чиста радост претворена во движење.

Затоа ова не е само галерија од „Мини Трчај бе“.

Ова е галерија за детството.

За моментот кога единствено важно е да трчаш што побрзо, што посилно и што послободно.

Ова се фотографии во кои брзината конечно успеа да остане мирна доволно долго за некој да ја фотографира.

Уживајте во фотографиите на .kuzeto 💫 светски, а наш фотограф.

17/06/2026

800 деца.
Еден град во детско издание.
И поглед што најдобро се гледа од небо.

Со музиката на Каролина Гочева во позадина, ајде уште еднаш да прелетаме над денот кога Битола беше во детски режим.

Ајде да летаме ❤️

🪽🎥

⭐️
16/06/2026

⭐️

Осумдесет победници на пиедесталот. 800 победници на стартната линија. На четвртото издание на детската трка „Мини Трчај бе“, кое викендов се одржа на Шеталиштет...

Има фотографии што документираат настан.Има фотографии што ја раскажуваат атмосферата.Ова се од тие вторите.Секое дете в...
16/06/2026

Има фотографии што документираат настан.
Има фотографии што ја раскажуваат атмосферата.

Ова се од тие вторите.

Секое дете во својот филм.

Низ објективот на Тања Димитриевска 📷 .instaphotos2

⭐️
16/06/2026

⭐️

80 победници на пиедесталот. 800 победници на стартната линија. На четвртото издание на детската трка „Мини Трчај бе“, кое викендов се одржа на Шеталиштето во Битола,...

💫
16/06/2026

💫

⭐️
15/06/2026

⭐️

Address

Ruzveltova 17
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ТРЧАЈ БЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ТРЧАЈ БЕ:

Share

Category