08/05/2026
🎯☘️
Преспана ноќ, ладна глава... така велеше еден претседател на клуб.
Пелистер вчера во „Јане Сандански“ не беше ужасен. Пелистер беше очаен. Покажа како од тронот до дното се стигнува молскавично — слободен пад, во непознат правец, без координати.
Вчера помина и нема назад. Денес е нов ден, сонце повторно изгреа. Но, дали имаме координати? Дали компасот ни работи? Дали знаеме каде одиме и зошто?
Тоа се прашања што никој не ги поставува, а уште помалку некој одговара на нив.
Не сакате критика. Сакате бајки. Сакате басни. Сакате сите да носиме исти розеви наочари и сè да изгледа розово.
Затоа ни се случува ова. Затоа не учиме од грешките. Затоа што секој што ќе каже нешто различно веднаш е непријател.
Не.
За тоа што го сакаме, смееме и ќе зборуваме. Без разлика дали сме во право или не.
Еден од најголемите, нашиот македонец Кире Лазаров, пред неколку години кажа: „На битолската публика не можете да ѝ зборувате за ракомет, таа секогаш е во право.“
Проба да ви ги тргне тие розеви наочари. Проба да ви каже дека компасот го нема, но...
Сакате малку назад?
Првата титула беше освоена со помош на Тиквеш, откако во братско Кавадарци го совлада Вардар.
Втората титула дојде откако Алкалоид го совлада Вардар и го отвори патот на титулата кон Битола.
Единствено кристално чиста и заслужена беше онаа од минатата сезона, кога шампионот се решаваше во директен дуел.
Сето ова го знаете. И го кажувате. Но не делувате.
Не пресекувате навреме. Затоа ни се случи пораз од 15 разлика. Затоа што слепо им се верува на луѓе кои до вчера или не знаеја каде е салата, или беа најголеми анти-пелистерци или пак се останати некаде во 80тите...
Наместо метла за нив, за момент се свртивте против своите. Ги нарекувавте пијаници и нешто друго...
Помина и тоа.
Но фактите остануваат.
Три години по ред шампион, а Пелистер нема костур на екипа. Три години по ред шампион, а не успеа да привлече сериозни спонзори. Не направи исчекор. Не порасна организациски. Не порасна спортски. Не порасна на секое поле како што требаше.
Денес, наместо по инерција да зборуваме за уште три титули, зборуваме за пад.
Три години во најелитното европско натпреварување — . Со најдобрите 16 во Европа.
И ништо не научивме?
Не прашавме поголеми клубови? Не презедовме модели? Не анализиравме?
Не е срамота да прашаш. Срамота е да не знаеш.
Ако мислиме дека сè знаеме, тогаш проблемот е повторнл во нас.
Излезе на површина целиот талог што со години се туркаше под тепих, додека сите мислевме дека ова ќе трае вечно.
Битола, Широк Сокак, најракометниот град на светот, тивко но јасно кажува:
Рибата смрди од главата.
А главата?
Најлесно е да се смени тренер. И не велиме дека не требало. Но, дали ќе се смени стратегијата? Ако воопшто постои. Дали ќе се смени начинот на работа? Ако воопшто постои.
Дали ќе се промени нешто во врвот? Спортскиот сектор? Скаутингот? Менаџментот? Стручниот штаб?
Или повторно ќе се смени само најлесната фигура?
Не учиме од грешките. Напротив — истите ги повторуваме.
Битола препознава.
Како што препозна чесност и посветеност, така препознава и непрофесионалност и нестручност.
Наместо со преспана ноќ и ладна глава да се каже што понатаму, веднаш слушаме: „В година ќе се вратиме.“
Ќе се вратиме дома. Ќе се вратиме таму. Ќе се вратиме ваму.
А коментарите исклучени.
Тоа не е фер игра.
Со туркање под тепих и сокривање — не оди.
Фер е да се каже реалната слика. Фер е да се именуваат проблемите. Фер е тренерот да ги донесе своите помошници. Фер е, ако нема сила, да се каже:
„Нашата цел е Пелистер повторно да биде шампион за 2-3-5 години.“
И тоа Битола ќе го разбере. И ќе го поддржи.
Но не се фер бајки и песнопојки.
Фер е да се каже и што е планот со Е.Пелистер 2 . Има ли визија? Има ли систем? Има ли иднина?
Ако „немате кој“, прашајте ги играчите што цели кариери минале надвор од Македонија. Виделе различни земји, различни методи, различни системи.
ПЕЛИСТЕР Е НАД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ.
НАД СЕКОЈ ОД НАС.
НО И НАД ВАС.
ПЕЛИСТЕР БИЛ, Е И ЌЕ БИДЕ.
И ПОСЛЕ НАС.
И ПОСЛЕ ВАС.
Знаете како се пее во „Птицо Моја“?
Пелистер е име наше, Пелистер е живот наш...
Кога тоа ќе го разберете, тогаш ќе разберете што значи Пелистер за секој еден битолчанец.
И можеби тогаш, Еурофарм во името ќе дојде после Пелистер.
Оти:
ПЕЛИСТЕР Е НАД СÈ!
САМО ЕДЕН ТИМ, САМО ЕДЕН ГРАД - САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА!