05/06/2026
МАКЕДОНИЈА
домаќин на регионалното коло од European Youth League Championship, настан кој обедини голем број млади стрелци, тренери и љубители на стрелаштвото.
Одличната организација, спортскиот дух, фер-плејот и високото ниво на натпреварување придонесоа овој настан да биде вистинска промоција на спортот. Задоволството кај учесниците, дружбата и размената на искуства уште еднаш потврдија дека стрелаштвото бележи континуиран развој.
Честитки до сите натпреварувачи за прикажаните резултати, борбеноста и посветеноста, како и до организаторите и сите кои придонесоа за успешна реализација на овој значаен спортски настан.
ГСК ПЕЛИСТЕР , БИТОЛА