12/11/2025
💪 Xtreme Fitness Center – Урбана средина на здравје, активен живот и дружење.
Во текот на годините, стотици членови поминале низ нашата сала. Секој со своја приказна, своја цел и своја мотивација. Заедно ја градиме културата на дисциплина, напредок и позитивна енергија.
Она што нè издвојува е тоа што сме производители на фитнес опремата KIKTON и горди што ја создававме уште од далечната 1991 година, со внимание на секој детал, стабилност и функционалност.
Но покрај нашите производи, во салата имаме избрано и врвни модели од светски познатите брендови: Life Fitness, Hammer Strength, Gym 80, Technogym, Precor, Schwinn и Star Trac.
Салата располага со повеќе од 80 фитнес машини и над 25 кардио уреди, распоредени за да обезбедат оптимално искуство за секој тип на тренинг, crossfit и street workout дел. Комбинацијата на нашата иновација и најдоброто од светот создава средина во која секој може да го даде максимумот.
⏰ Работиме секој ден од 05:00 наутро до 01:00 после полноќ, затоа што знаеме дека мотивацијата нема работно време.
🥤 Нашиот бар е целосно опремен со сите видови суплементација – протеини, аминокиселини, енергетски пијалоци и сè што ви треба за оптимален тренинг и побрзо закрепнување.
🏆 Располагаме и со posing room, простор каде што секој може да ја следат својата форма, да се подготвуваат за натпревари и да го видат резултатот на својот труд.
Во Xtreme Fitness Center владее грижа за секој член, хигиената, пријателска атмосфера и спортски дух кој мотивира да се оди напред секој ден.
И ова е само дел од приказната.
🔥 Следува уште многу повеќе.